Силви Мејс
Силви Мејс | |
---|---|
Мејс во 2012 | |
Роден(а) | Бреда, Холандија |
Висина | 1.58 м (5 ст 2 ин)[1] |
Сопружник | Рафаел ван дер Варт (2005–2013) |
Страница sylvie-meis.eu |
Силви Франсоас ван дер Варт (р. 13 април 1978 година) е холандска телевизиска личност и модел, со индонезиско поѕтекло.[2] Таа е поранешна сопруга на фудбалерот Рафаел ван дер Варт.
Кариера
[уреди | уреди извор]Во Холандија
[уреди | уреди извор]На 18 години, Ван дер Варт одлучила дека сака да биде модел и беше избрана за неколку снимања од кастиндг агенции. Откако се заинтересира за телевизијата, се здоби со популарност преку задачи во телевизиската програма FoxKids и во музичката станица TMF. Домаќин е на неколку настани во TMF, како што се презентирање на годинешните TMF –награди и спроведување на интервјуа со интернационални уметници како што се Бритни Спирс и Кајли Миног. Покрај тоа, таа се појавува во спотови и во холандската ТВ–серија Коста. Во соработка со фирмата на JPC, таа ја воведе линијата на накит „Pure by Sylvie„ на холандскиот пазар. Потоа беше домаќин на доделувањето на награди на „ФИФА светски играч на годината„ во 2008 година.
Откако беше избрана за најсекси жена во Холандија во 2003 година, започна врска со тогашниот фудбалер на Ајакс Рафаел ван дер Варт. Славата делумно се должи на нивните поединечни кариери, при што тие станаа најпознатиот „фудбалски пар„ во Холандија. Нивната слава се зголеми по стапувањето во брак на 10 јуни 2005 година и преносот во живо од венчавката на SBS, со преносот се здобија со висок реитинг во Холандија; Силви го зема презимето на Рафаел, ван дер Варт.
Во Германија
[уреди | уреди извор]Ван дер Варт и нејзиниот сопруг се преселија во Германија кога тој го напушти Ајакс за да игра за Бундеслигата за фудбалскиот клуб Hamburger SV. Откако нејзиниот сопруг во 2008 година е префрлен во „Реал Мадрид„, ван дер Вартс се преселија во Шпанија.Од 2008 таа е член на жирито на „Суперталент„ (Das Supertalent) што е германска верзија од сериите на Симон Ковел наречени „Имаш талент„ (Got Talent). Моментално е дел од третата сезона на германскиот еквивалент од Strictly Come Dancing, наречен Let's Dance. На 17 април 2010, ван дер Варт ја замени Нина Аихингер во „Германија бара супер-ѕвезда„ (Deutschland sucht den Superstar) во финалето на 7мата сезона.
Личен живот
[уреди | уреди извор]Силви е во врска во фудбалерот Рафаел ван дер Варт од 2003 година. На 10 јуни 2005 година Силви се омажи со Рафаел и на 28 мај 2006 година се роди нивниот син Дамјан Рафаел. Некои од медиумите го претставуваат парот како „нови Бекамови“, но двајцата ги негираат тврдењата, изјавувајќи дека сакаат да живеат нормален живот.
На 16 јуни 2009 година таа изјави дека и е дијагностициран рак на дојката и дека ќе се оперира во мај 2009 година. Таа заврши со пост-оперативната хемотерапија и е излекувана од рак. Во лето 2009 година „Реал Мадрид„ сакаше да го продаде Рафаел ван дер Варт, но тој одлучи да остане во Мадрид бидејќи Силви таму ги започна третманите за лекување. Една година подоцна, по неговото преселување во Англија, Рафаел изјави "Таа имаше сериозна болест и вистина е дека мораше да оди на третмани во Клиниката Орион. Минатата сезона сакаа да заминам, но поради таа причина не можев. Сега таа е добра и единственото нешто што се случи е дека Мадрид сакаше да ме продаде а јас сакав да уживам во играњето фудбал. Тотенхам е одличен тим кој ќе ми ги пружи можностите кои ми требаат.
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Sylvie van der Vaart weegt 44 кг“. MSN (холандски). 8 July 2006. Архивирано од изворникот на 2008-07-12. Посетено на 2018-02-04.
- ↑ „Indische vrouwen in het Nederlandse culturele leven“. Kunst en cultuur / Arbeid en Economische zelfstandigheid / Scholing en leren (холандски). Centrum voor de Geschiedenis van Migranten. Посетено на 10 January 2015.
De komst van ongeveer 350.000 Nederlands-Indische repatrianten blijkt een verrijking voor het culturele leven in Nederland. [...] Verder kennen wij natuurlijk Georgina Verbaan, Sylvie Meis, Patty Brard, Sandra Reemer en Patricia Paay.