Ристо Миљановски

Од Википедија — слободната енциклопедија
Ристо Миљановски
Роден 7 март 1936
Статица, Костурско,  Грција
Занимање поет и раскажувач

Ристо Миљановски (Статица, Костурско, 7 март 1936) — македонски поет и раскажувач.[1]

Животопис[уреди | уреди извор]

Милјановски е роден во село Статица, Костурско, Егејскиот дел на Македонија. За време на Граѓанската војна во Грција заминува за Унгарија. Основно образование завршува во Блатомлади, а Педагошка школа во Будимпешта, во Унгарија. Работи едно време како наставник во Средна технолошка школа на унгарски јазик. Првите литературни обиди ги прави како сосема млад, инспириран, пред се, од носталгијата кон родниот крај и својата родна земја. Иако живее надвор од татковината, со голема љубов чита книги на македонски јазик, се што ќе му дојде до рака, а во своето творештво со многу сугестивен јазик и голема носталгија го опејува родниот крај и мајчиниот јазик, пределите во кои го минал детството. Пишува поезија и проза. Живее во Торонто, Канада..[2]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Македонски писатели/Macedonian writers, Друштво на писатели на Македонија, 2004, стр. 158.
  2. Насевски, Бошко; Ангелова, Дора. Геровска, Драгица (1995). Македонски Иселенички Алманах '95. Скопје: Матица на Иселениците на Македонија.CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link)