Портрет на Антонио де Коварубијас
Изглед
Творец | Ел Греко |
---|---|
Година | 1595-1600 |
Димензии | 65 см × 52 см |
Место | Лувр, Париз |
Портрет на Антонио де Коварубијас ― слика на масло на платно од 1595-1600 година од Ел Греко, кое датира од неговиот престој во Толедо. Сега се наоѓа во Лувр во Париз како резултат на размената со шпанските музеи во 1941 година.[1]
Субјектот бил еден од најзначајните правници во Толедо, професор по право на Универзитетот во Саламанка, член на Советот на Кастиља, учител во Катедралата во Толедо, брат на Диего де Коварубијас и личен пријател на сликарот. Друг негов портрет од Ел Греко се наоѓа во Музејот „Ел Греко“ во Толедо, додека тој исто така се вели дека е една од фигурите прикажани во неговиот Погреб на грофот Органгаз.[2] Неутралната позадина го покажува влијанието на Тицијан и венецијанската школа.[3][4]
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Catalogue entry“.
- ↑ SCHOLZ-HÄNSEL, Michael, El Greco, Colonia, Taschen, 2003. ISBN 978-3-8228-3173-1.
- ↑ (на шпански) ÁLVAREZ LOPERA, José, El Greco, Madrid, Arlanza, 2005, Biblioteca «Descubrir el Arte», (colección «Grandes maestros»). ISBN 84-95503-44-1.
- ↑ (на шпански) ArteHistoria.com, «Antonio de Covarrubias», consultado el 4 de diciembre de 2014.