Благородник со раката на градите
шпански: El caballero de la mano en el pecho | |
Творец | Ел Греко |
---|---|
Година | околу 1580 |
Димензии | 81,8 см × 65,8 см |
Место | Прадо, Мадрид |
Благородник со раката на градите или Витез со раката на градите — слика насликана од Ел Греко помеѓу 1578 и 1580 година. Нејзината висина е 81,8 см, а широка е 65,8 см. Дел е од збирката на музејот Прадо во Мадрид[1].
Идентитетот на моделот останал непознат долго време, но денес се смета дека тоа е Хуан де Силва и Рибера, III Маркиз од Монтемајор, кој бил воен началник на Алказар од Толедо[2]. Меѓутоа, неодамна била изнесена друга хипотеза. Овој портрет би можел да го претставува Мигел де Сервантес[3][4].
Опис
[уреди | уреди извор]Оваа слика е еден од најпознатите шпански портрети. Еден благородник, со раката на градите, го гледа гледачот како да склучува пакт со него. Се чини дека положбата на раката покажува дека мажот дава заклетва[3]. Елегантно облечен, носи меч со златна рачка и златен медалјон и синџир. Во тоа време, ова било вообичаен приказ на благородник од шпанската златна доба.
Анализа
[уреди | уреди извор]Една неодамнешна реставрација открила дека позадината не е црна, туку светло сива што, додадена на надворешното светло што го осветлува лицето, го прави ликот издвоен. Покрај тоа, оваа позадина ги истакнува суптилните нијанси на темната облека, што го потврдува влијанието на Венецијанската школа[3].
Поетско продолжување
[уреди | уреди извор]Мануел Мачадо ѝ посветил песна на оваа слика користејќи го истиот наслов[5]:
„Este desconocido es un cristiano
de serio porte y negra vestidura,
donde brilla no más la empuñadura,
de su admirable estoque toledano.“
Превод:
Овој незнајник е христијанин
со строг изглед и црн капут,
на кој сјае рачката,
на неговиот восхитувачки меч од Толедо.
Библиографија
[уреди | уреди извор]Yves Harté, La main sur le cœur, Le Cherche Midi, 2022
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Fiche de l'Encyclopédie en ligne Musée du Prado. Consultée le 25 octobre 2012.
- ↑ Fiche de la Galerie en ligne Musée du Prado. Consultée le 25 octobre 2012.
- ↑ 3,0 3,1 3,2 CIRLOT, L. (dir.), Museo del Prado I, Col. «Museos del Mundo», Tomo 6, Espasa, 2007. ISBN 978-84-674-3809-3, pág. 67.
- ↑ . Une dernière hypothèse avance que ce tableau pourrait représenter Michel de Montaigne, car la ressemblance serait frappante[réf. nécessaire] Catégorie:Article à référence nécessaire
- ↑ Poème de Manuel Machado, dans Estudios sobre Manuel Machado par Miguel d'Ors, Sevilla, Renacimiento, 2000, pág. 30, ISBN 9788484720133.