Плагијат
Плагијат во речниците се дефинира како „погрешнo присвојување“, „блискa имитација“ или „публикација“ на друг авторски „јазик, мисла, идеја или израз“ и нивната репрезентација како свое оригинално дело.
Современиот концепт на плагијат како неморалност и оригиналност се појавил во Европа во 18 век, особено за време на романтизмот, додека во претходните векови авторите и уметниците биле охрабрени да "копираат од делата што е можно поблиску" за да се избегне "непотребeн пронајдок".[1]
Во 18. век се забележале нови морални вредности што биле видливо спроведени во секторите на академскиот живот и новинарството, каде плагијатот сега се смета за академска нечесност и прекршување на новинарската етика и е предмет на санкции кои се одразуваат на кариерата.[2][3] Ова не се одразило толку во уметноста, која што немала отпор во долго-востановената традиција на копирање како темелна практика на креативен процес, па со бумот на модернистичкото движење и постмодернистичките движења во 20 век, оваа практика се зголемила уште повеќе.[2][3]
Плагијатот не е криминално дело сам по себе, но не е одобрен врз основа на моралот, па затоа случаите на плагијат може да вклучат кршење на авторските права.
Етимологија и историја
[уреди | уреди извор]Во 1. век, употребата на латинскиот збор plagiarius (буквален превод грабнувач), што означува дека некој краде туѓи работи, била идеја на римскиот поет Мартиал, кој се пожалил дека некој друг поет ги "киднапирал неговите стихови." Оваа употреба на зборот била воведена во англискиот јазик во 1601 г.од страна на драматургот Бен Џонсон. Изведената форма плагијат била воведена во англискиот јазик околу 1620 г.[1][4]
Современиот концепт за плагијат, се појавил во Европа во 18-иот век, особено за време на Романтичнарското движење. Со векови пред тоа, не само литературата се сметала за јавно достапен материјал, туку и заедничкиот имот од кој секој можел да позајмува по волја, но поттикот за авторите и уметниците бил всушност да се направи "копија на мајсторите што е можно поблиску", и во тој случај што поблиската копија се сметала за пофина работа.
Ова било исто и во литературата, музиката, сликарството и скулптурата. Во некои случаи, доколку писателот измислел свои дела добивал укор за претенциозност.
Вакво размислување постоело и од времето на Шекспир, кога било вообичаено да се цени повеќе сличноста на некоја класична работа, а идејата да се дефинира како "непотребен пронајдок."
Mодерните идеи за оригиналност и против плагијати се појавиле во 18. век, во контекст на економската и политичката историја на трговијата со книги, што ќе биде пример и влијание за поширокото воведување на капитализмот.[5]
Оригиналноста, која традиционално се сметала за невозможно нешто, станала обврска од страна на новите идеологии на индивидуализмот.[2]
Подоцна во текот на 18 век, со романтичарското движење завршила трансформацијата на претходните идеи во литература, развивајќи го митот за уметничка инспирација, што верува во индивидуализиран, неповторлив чин на литературни творби, во идеологијата на „создавање од ништо на текст што е автономен објект создаден од страна на поединец.„
И покрај новите морални вредности на 18. век и тековното спроведување на етички кодекси, уметностите, од друга страна, не само што имале отпор во нивнната долго-востановената традиција на копирање како темелна практика на креативниот процес, туку и со модернистичките и постмодернистичките движења, оваа практика се забрзува, се шири, се зголемува до невиден степен.
Правни аспекти
[уреди | уреди извор]Иако плагијаризмот во некои контексти се смета за кражба, не постои како таков во правна смисла. Зборот „плагијат“ не се споменува ниту во еден актуелен статут или закони на кривично право и граѓанско право.[3]
Плагијаризмот не е исто како кршење на авторските права. Иако двата термини може да се применат за одреден акт, тие се со различни концепти. Нарушување на авторските права е повреда на правата на носителот на авторските права т.е. кога материјалот ограничен со авторски права се користи без согласност. Од друга страна, моралниот концепт за плагијатот се занимава со незаработеното зголемување на авторската репутација што се остварува преку лажните тврдења на авторство.
Во академските институции и новинарството
[уреди | уреди извор]Во академските институции, плагијатите од студенти, професори и истражувачи се сметаат за академска нечесност или академска измама, а сторителите се предмет на академска цензура, вклучувајќи дури и отстранување од академијата. Во новинарството, плагијатот се смета за прекршување на новинарската етика, а новинарите кои ќе сторат такво дело обично се соочуваат со дисциплински мерки кои се движат од суспензија до престанок на работниот однос. Некои поединци фатени со плагијати во академски или новинарски контекст тврдат дека плагијатот го сториле ненамерно со тоа што не го вклучиле потребниот навод или не навеле соодветен извор. Додека плагијатите во академските институции и новинарството имаат вековна историја, развојот на интернетот, каде што статиите се појавуваат како електронски текст, придонесува чинот на копирање на работата на другите да се изведе многу полесно.
За професорите и истражувачите, плагијатот се казнува со санкции кои се движат од суспензија до прекинување на работен однос, заедно со губење на кредибилитетот и интегритетот.[6][7] Обвиненијата за плагијат против студенти и професори обично се спроведуваат преку акти од страна на внатрешните дисциплински комисии на кои студентите и професорите се согласиле да бидат обврзани.[8]
Новинарство
[уреди | уреди извор]Главната цел на новинарството е да се стекне довербата од јавноста. Неуспехот на новинар е да не ги признава неговите извори што го намалува интегритетот на весникот или телевизискиот медиум. Новинарите обвинети за плагијат често се суспендирани од нивните известувачки задачи, а обвиненијата се испитуваат од страна на новинската организација.[9]
Леснотијата со која електронски текст можe да бидe репродуциран од други извори на интернет предизвикува голем број на новинари да создаваат плагијати. Новинарите се обвинуваат за копирање и вметнување статии и текст од голем број на мрежни места.
Санкции за студентски плагијат
[уреди | уреди извор]Во академскиот свет, плагијатите од страна на студентите се многу сериозни прекршоци што може да резултираат со казни како што се недобивање оценка за одредена задача (обично на ниво на средно училиште) или за курс (обично на универзитетско ниво). За случаи на повторување на плагијат или за случаи во кои ученикот чини тежок плагијат (на пример, поставување на копиран дел како оригинална работа), студентот може да биде суспендиран или избркан од установата.[10]
Во многу универзитети, академските степени или награди можат да се укинат како казна за плагијат. Ова е смислено во високообразовните институции во Велика Британија, во обид да се воведе некаква стандардизација во овој сектор.[11]
Студентите може некогаш да се најдат под притисок за да завршат некоја задача добро и брзо и со достапноста на новата технологија (на интернет) студентите создавааат плагијати со копирање и вметнување информации од други извори. Ова често е лесно да се открие од страна на наставниците заради неколку причини. Прво, изборот на извори на студентите често се неоригинални, инструкторите можат да ги најдат истите работи копирани од популарен извор кај неколку студенти. Второ, честопати е лесно да се види дали ученикот користи свои зборови. Трето, студентите можат да изберат извори кои се несоодветни, неточни или надвор од темата. Четврто, предавачите може да инсистираат на тоа дека работата прво треба да се достави до откривање на плагијати на интернет.[12]
Некои плагијати се случуваат затоа што студентите не се свесни за прифатливите практики на пишување или дури може да имаат развиено пишувачки практики како дел од нивното претходно образование што се сметаат за неприфатливи во високото образование.
Само-плагијаризам
[уреди | уреди извор]Само-плагијаризам е повторна употреба на значајни, идентични или речиси идентични делови од сопствената работа,[13] притоа не признавајќи дека се повикуваме на оригиналното дело. Статии од оваа природа често се нарекуваат дупликати. Што се однесува до етичкото прашање, ова може да биде нелегално доколку авторските права на претходната работа се префрлени на друго лице.[14]
Типично, само-плагијатите се сметаат за сериозен етички проблем каде што објавувањето се состои од нови материјали, како што е во академските објавувања или образовни задачи. Тоа не се однесува (освен во правна смисла) на текстови од јавен интерес како што се социјални, професионални и културни мислења што обично се објавуваат во весници и списанија.
На академски полиња, само-плагијат е кога авторот реупотребува делови од неговите објавени авторски дела во следните изданија, но без да го спомене претходнато објавување. Идентификување на само-плагијати е често тешко, бидејќи ограничената повторна употреба на материјалот е и правно прифатлива (како праведна употреба) и исто така етички прифатена.[15][16]
Вообичаено за универзитетските истражувачи е да ја парафразираат и објавуваат својата работа, прилагодувајќи го тоа за различни академски списанија и новинарски написи за ширење на нивната работа на најшироката можна заинтересирана јавност. Сепак, мора да се има на ум дека овие истражувачи, исто така, ги почитуваат границите: Ако половина статија е иста како и претходната, таа обично ќе биде одбиена. Една од активностите во процесот на рецензија во академското пишување е да се спречи овој вид на "рециклирање".
Само-плагијати и кодекси на етика
[уреди | уреди извор]Некои академски списанија имаат кодекси на етика што посебно се однесуваат на само-плагијатите.[17] Некои професионални организации како Асоцијација за Компјутерска Машинерија (ACM) има своја политика која конкретно се справува со само-плагијатите.[18]
Други организации не даваат посебен осврт на само-плагијатите:
Американскато здружение за политички науки (APSA) објави код за етика, што го опишува плагијатот како "намерно присвојување на делата на другите и претставување како свои." Тоа не прави никаква врска со само-плагијатите. Се вели дека кога теза или дисертација е објавена "во целост или во дел", авторот нема вообичаено етичка обврска да го признае своето потекло.[19]
Фактори кои оправдуваат реупотребливост
[уреди | уреди извор]Памела Семјуелсон во 1994 година идентификува неколку фактори кои оправдуваат повторна употреба на една претходно објавена работа без вина за само-плагијаризам.[16] Таа ги оправда овие фактори конкретно преку етичкото прашање на само-плагијат, за разлика од правното прашање на праведна употреба на авторските права со кое таа се занимава одделно. Меѓу другите фактори кои може да бидат изговор за повторна употреба на претходно објавен материјал Семјуелсон ги наведува следните:
- Претходното дело треба да се реупотреби со цел да се постават темелите за нов придонес во втората работа.
- Делови од претходната работа мора да се повторат, со цел да се справиме со нови докази или аргументи.
- Публиката за секоја работа е толку различна и дека објавувањето на истата работа на различни места е потребна за да се добие потребната пораката.
- Авторот смета дека ако за нешто што го напишал првиот пат и ако е добро нема никаква смисла истото да се каже поинаку по вторпат.
Организирани публикации
[уреди | уреди извор]Плагијатите не се проблем кога се во прашање колективни непотпишани работи, бидејќи за тоа не им се доделува признание за оригиналноста на одредени луѓе. На пример, "Изјавата за Стандардите на професионално однесување" на Американската Историска Организација во (2005) во врска со учебниците и прирачниците наведува дека со оглед на тоа дека учебниците и енциклопедии се резимеа на работата на други научници, тие не се обврзани со истите строги стандарди да наведат извор и може да се дозволат поголем "степен на зависност" од другите работи.[20]
Во рамките на една организација, кога станува збор за своите работни документи, стандардите се полабави, но не и непостоечки. Ако некој помогне со извештај, очекува да биде кредитиран. Ако станува збор за законски извештај, се очекува наводот да биде запишан. Техничките упатства рутински ги копираат фактите од другите прирачници без да наведат извори, бидејќи се претпоставува дека имаат заеднички дух (како што е, на пример, идејата со слободниот софтвер и софтвер со отворен код) каде што научниците слободно ја споделуваат својата работа.
Поврзано
[уреди | уреди извор]Белешки
[уреди | уреди извор]- ↑ 1,0 1,1 Lynch (2002)
- ↑ 2,0 2,1 2,2 Alfrey (2000)
- ↑ 3,0 3,1 3,2 Lands, Robert (1999) Plagiarism is no Crime Архивирано на 1 јануари 2011 г. published by The Association of Illustrators (AOI), December 1999. Quotation:
Plagiarism may be a taboo in academia, but in art is almost essential.
- ↑ Valpy, Francis Edward Jackson (2005) Etymological Dictionary of the Latin Language, p.345 entry for plagium, quotation: "the crime of kidnapping."
- ↑ Loewenstein, Joseph (2002) Ben Jonson and possessive authorship, p.3, Cambridge University Press
- ↑ Kock, N (1999). „A case of academic plagiarism“. Communications of the ACM. 42 (7): 96–104. doi:10.1145/306549.306594.
- ↑ Kock, N., Davison, R. (December 2003). "Dealing with plagiarism in the information systems research community: a look at factors that drive plagiarism and ways to address them". MIS Quarterly, 27 (4): 511–32.
- ↑ Clarke, Roger (2006). „Plagiarism by academics: More complex than it seems“. Journal of the Association for Information Systems. 7 (1): 91–121. ISSN 1536-9323.
- ↑ „List of cases of plagiarism among journalists“. Архивирано од изворникот на 2007-02-26. Посетено на 2012-01-21.
- ↑ Zinie Chen Sampson (August 11, 2008). „Students expelled from U.Va. shipboard program for plagiarism“. HamptonRoads.com. Архивирано од изворникот на 2012-05-12. Посетено на December 13, 2011.
- ↑ „архивски примерок“ (PDF). Архивирано од изворникот (PDF) на 2012-04-02. Посетено на 2012-01-21.
- ↑ Klein, Alexander (June 8, 2007). „Opinion: Why Do They Do It?“. The New York Sun. Архивирано од изворникот на 2007-12-01. Посетено на 2007-12-11.
- ↑ Dellavalle, Robert P.; Banks, Marcus A.; Ellis, Jeffrey I. (2007). „Frequently asked questions regarding self-plagiarism: How to avoid recycling fraud“. Journal of the American Academy of Dermatology. 57 (3): 527. doi:10.1016/j.jaad.2007.05.018. PMC 2679117. PMID 17707155.
- ↑ Rebecca Attwood. "Allow me to rephrase, and boost my tally of articles". Times Higher Education. 3 July 2008.
- ↑ Hexham, I. (2005). „Academic Plagiarism Defined“. Архивирано од изворникот на 2009-11-30. Посетено на 2012-01-21.
- ↑ 16,0 16,1 Samuelson, Pamela (1994). „Self-plagiarism or fair use?“ (PDF). Communications of the ACM. 37 (8): 21–5. doi:10.1145/179606.179731.
- ↑ Lorraine Eden. „JIBS Code of Ethics“. Journal of International Business Studies. Архивирано од изворникот на 2010-07-23. Посетено на 2010-08-02.
- ↑ „ACM Policy and Procedures on Plagiarism“. 2010.
- ↑ American Political Science Association (2008). "A Guide to Professional Ethics in Political Science". Second Edition. Section 21.1. ISBN 1-878147-05-6.
- ↑ „Statement on Standards of Professional Conduct“. American Historical Association. 2005-01-06. Архивирано од изворникот на 2011-03-05. Посетено на 2009-04-16.
Наводи
[уреди | уреди извор]- Alfrey, Penelope (February 2000) "Petrarch's Apes: Originality, Plagiarism and Copyright Principles within Visual Culture". MIT Communications Forum.
- Arnau, Frank [1959] The art of the faker
- Derrida, Jacques, Roudinesco, Élisabeth [2001] (2004) De Quoi Demain, English translation 2004 by Jeff Fort as For what tomorrow--: a dialogue, ch.4 Unforeseeable Freedom
- Eco, Umberto (1987) Fakes and Forgeries in Versus, Issues 46-48, republished in 1990 in The limits of interpretation pp. 174–202
- Eco, Umberto (1990) Interpreting Serials in The limits of interpretation, pp. 83–100, excerpt Архивирано на 21 јули 2011 г.
- Haywood, Ian (1987) Faking it
- Joachimides, Christos M. and Rosenthal, Norman and Anfam, David and Adams, Brooks (1993) American art in the 20th century: painting and sculpture 1913–1993
- Lynch, Jack (2002) The Perfectly Acceptable Practice of Literary Theft: Plagiarism, Copyright, and the Eighteenth Century, in Colonial Williamsburg: The Journal of the Colonial Williamsburg Foundation 24, no. 4 (Winter 2002–3), pp. 51–54. Also available online since 2006 at Writing World.
- Royal Shakespeare Company (2007) The RSC Shakespeare – William Shakespeare Complete Works, Introduction to the Comedy of Errors,
- Ruthven, K. K. (2001) Faking Literature
- Spearing, A. C. (1987) Introduction section to Chaucer's The Franklin's Prologue and Tale
- Spearing, A. C. (1989) Readings in medieval poetry
- Steiner, George (1998) After Babel, ch.6 Topologies of culture, 3rd revised edition
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Американска Историска Асоцијација, "Изјава за стандарди за професионално однесување" (2005) Архивирано на 5 март 2011 г.
- Проценка во високото образование Архивирано на 6 февруари 2006 г. мрежно место плагијати што содржи врски до различни ресурси (статии, книги, измамник сајтови, итн.)
|