Отпишаните (филм)
„Отпишаните“ (српски: Отписани) – југословенски филм од 1974 година, во режија на Александар Ѓорѓевиќ по сценариото на Драган Марковиќ и Синиша Павиќ, а автор на музиката е Миливоје Марковиќ. Филмот, снимен во продукција на ТВ Белград, претставува спој на првите две епизоди од истоимената телевизиска серија. Главните улоги ги толкуваат: Драган Николиќ, Воја Брајовиќ, Предраг Мики Манојловиќ, Владан Холец, Раде Марковиќ, Слободан Алигрудиќ и Стево Жигон.[1] [2]
Синопсис[уреди | уреди извор]
Во текот на Втората светска војна, дознавајќи дека Германија го нападнала Советскиот Сојуз, група млади членови на СКОЈ решаваат да основаат тајна група која ќе му се спротивстави на германскиот окупатор. Најпрвин, тие успеваат од главната болница да ослободат една жена, членка на штабот, која е уапсена од Гестапо. Потоа, групата успева да уништи една голема гаража на германската војска.
Наводи[уреди | уреди извор]
Оваа статија филм е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |
- Никулци за филм
- Југословенски филмови
- Српски филмови
- Филмови на српски јазик
- Филмови на српскохрватски јазик
- Филмови чие дејствие се одвива во Белград
- Филмови за Втората светска војна
- Филмови од 1974 година
- Филмови на Александар Ѓорѓевиќ
- Филмови со Драган Николиќ
- Филмови со Воја Брајовиќ
- Филмови со Предраг Манојловиќ
- Филмови со Владан Холец
- Филмови со Раде Марковиќ
- Филмови со Слободан Алигрудиќ
- Филмови со Стево Жигон
- Филмови со Чедомир Петровиќ
- Филмови со Драгомир Фелба
- Филмови со Рудолф Улрих
- Филмови со Александар Берчек
- Филмови со Миќа Томиќ
- Филмови со Никола Јовановиќ
- Филмови со Иван Бекјарев