Објектификација
Сексуална објектификација е чин на третирање на лице единствено како инструмент на сексуално задоволство, што го прави тоа лице "сексуален објект". Објектификација пошироко значи третирање на лицето како предмет, без оглед на нивната личност и дигнитет. Објектификацијата најчесто се испитува на ниво на општеството, но исто така може да се однесува на однесувањето на поединци.
Концептот за сексуална објектификација и особено објектификацијата на жените, е важна идеја во феминистичката теорија и психолошките теории кои произлегуваат од феминизмот.[1][2] Многу феминистки сметаат дека сексуалната објектификација е бедна и игра важна улога во половата нееднаквост.[3]
Сексуална објектификација на жените
[уреди | уреди извор]Објектификацијата на жените вклучува непочитување на личните и интелектуални можности и способности на жена; и намалување на вредноста на жената или нејзината улога во општеството на онаа на инструмент за сексуално задоволство.[1][4] Иако мислењата се различни за тоа кои ситуации се непристојни, некои феминистки[5] ја укажуваат објектификацијата на жените која се одвива во сексуално-ориентираните претстави на жените во рекламите и медиумите, жените се портретирани како слаби или потчинети преку порнографијата, сликите во помејнстрим медиумите како што се рекламите и уметноста, стриптизот и проституцијата, машкото дрско оценување и судење на жените сексуално или естетски на јавни места и настани, како што се натпреварите за убавина, и претпоставената потреба за козметичка хирургија, особено зголемувањето на градите и лабијапластијата.
Некои феминистки и психолози[6] тврдат дека сексуалната објектификација може да доведе до негативни психолошки ефекти, вклучувајќи депресија и безнадежност, и може да им даде на жените негативен сопствен имиџ поради верувањето дека нивната интелигенција и компетентност не се, ниту пак некогаш ќе бидат, признати од страна на општеството. Некои тврдат дека либерализмот имал придонес за проблемот на сексуалната објектификација на жените со оспорување на бракот и промоцијата на "слободната" љубов.[7][8] Ваквата промоција го зголеми просечниот број на сексуалните партнери во животот за мажите, што за возврат предизвика тие да го девалвираат сексот, што за возврат предизвика мажите кои ги објектификираат жените да ги девалвираат жените. Точниот начин на кој објектификацијата влијание на жените и општеството во целина е тема на академска дебата. Тврдења се дека: разбирањето на девојчињата за важноста на изгледот во општеството може да придонесе чувства на страв, срам и гадење за некои искуства за време на транзицијата од момичешка возраст кон женскоста, бидејќи тие чувствуваат дека стануваат сè повеќе видливи за општеството како сексуални објекти,[9] и дека младите жени се особено подложни на објектификација, бидејќи тие се учени дека моќта, почитта, и богатството можат да се добијат поради надворешниот изглед.[10]
Про-феминистичките културни критичари како што се Роберт Џенсен и Сут Џали ги обвинуваат медиумите и рекламите за промоција на објектификацијата на жените за промовирање на стоки и услуги.[5][11][12]
Приговорот за објектификацијата на жените не е еден неодамнешен феномен. Во Француското Просветителство, на пример, имаше дебата за тоа дали градите на жената се само сензуална примама или природна дарба. Во 1771 во играта на Александар Гуилаум Моуслиер де Мојси, Вистинската Мајка (La Vraie Mère), насловниот лик го прекорува нејзиниот сопруг за третирањето на неа како само објект за неговото сексуално задоволување: "Дали твоите сетила се толку гнасни па да гледаш на овие гради - угледните богатства на природата - како да се само една декорација, предодредени за украс на градите на жените?"[13]
Ставови за сексуалната објектификација
[уреди | уреди извор]Радикалните феминистки сметаат дека објектификацијата игра централна улога во редуцирањето на жените во угнетената полова класа. Додека некои феминистки ги укажуваат медиумите во општествата кои тие тврдат дека се патријархални како вршители на објектификација, тие често се фокусираат на порнографијата, која игра важна улога во навикнувањето на мажите да ги објектификираат жените.[14]
Теорија за објектификација
[уреди | уреди извор]Сексуалната објектификација е проучена врз основа на исказот дека девојчињата и жените ги развиваат своите примарни погледи кон сопствената физичка состојба со набљудувањето на другите. Овие опсервации можат да се случат во медиумите или преку лично искуство.[15] Преку комбинација на очекувана и вистинска изложеност, жените се социјализирани да ги објектификираат своите физички одлики од перцепција на трето лице, ова е идентификувано како само-објектификација.[16] Жените и девојчињата развиваат очекуван физички изглед за себе, врз основа на набљудувањата на другите; и се свесни дека и другите најверојатно набљудуваат исто така. Сексуалната објектификација и само-објектификацијата на жените се верува дека влијае на социјалните родови улоги и нееднаквостите меѓу половите.[17]
Само-објектификација
[уреди | уреди извор]Само-објектификацијата може да се зголеми во ситуации во кои се покачува свеста за физичкиот изглед на поединецот.[18] Тука, присуството на трето лице-набљудувач е зголемено. Затоа, кога поединци знаат дека други гледаат во нив, или ќе гледаат во нив, тие со поголема веројатност ќе се грижат за својот физички изглед. Примери на зголемена присутност на трето лице-набљудувач е во присуство на публика, камера, или други набљудувачи.
Жените, девојчињата, и само-објектификацијата
[уреди | уреди извор]Првенствено, теоријата за објектификација опишува како жените и девојчињата се под влијание на очекуваните социјални и родови улоги.[15] Истражувањата покажуваат дека не сите жени се под влијание подеднакво, поради анатомски, хормонални и генетски разлики на женското тело; сепак, женските тела се почесто објектификирани и оценувани.[19] Женските се учаат дека нивниот физички изглед е важен за себе и за општеството. Како резултат на тоа, жените се грижат за својот физички изглед често, очекувајќи дека и другите ќе го прават истото.
Сексуална објектификација се случува кога едно лице е идентификувано за нивните сексуални делови или сексуална функција. Во суштина, едно лице го губи својот идентитет, и е признато само од страна на физичките одлики на своето тело.[15] Целта на ова признание е да се донесе уживање на другите, или да служи како сексуален објект за општеството.[20]
Психолошки последици
[уреди | уреди извор]Теоријата за објектификација сугерира дека има директни и индиректни последици од објектификацијата на жените. Индиректни последици вклучуваат самосвеста во смисла дека жената постојано ја проверува или преуредува нејзината облека или појава за да обезбеди дека изгледа добро. Оваа самосвест, исто така, може да резултира со недостаток на мотивација бидејќи тоа го одвлекува вниманието од она што би требало да биде мотивирачки фокус. Подиректни последици се поврзани со сексуалната виктимизација. Силувањето и сексуалното малтретирање се примери за тоа.[21] Дуб (2012) наведува дека сексуалното вознемирување е еден од предизвиците со кои се соочуваат жените на работното место. Ова може да е во облик на сексуални шеги или коментари, од кои повеќето се понижувачки.[22] Истражувањето покажува дека теоријата за објектификација е вредна за разбирањето како повторливи визуелни имиџи во медиумите се социјализирани и минифестирани во ментални проблеми, вклучувајќи и психолошки последици врз поединецот и општественото ниво.[6] Овие вклучуваат зголемувањето на самосвеста, зголемената телесна анксиозност, зголемените закани за менталното здравје (депресија, анорексија нервоза, булимија, и сексуална дисфункција) и зголемен телесен срам.[23] Затоа, теоријата се користи за истражување на низа на зависни променливи вклучувајќи ги растроеното јадење, менталното здравје, депресијата, моторните перформанси, телесниот имиџ, идеализираниот тип на телото, формирањето на стереотипи, сексуалната перцепција итн.[6][18] Телесниот срам е спореден производ на концептот за идеализираниот тип на тело донесен од страна на повеќето Западни култури кои прикажуваат тенка фигура како на модел. Според тоа, жените ќе извршуваат активности со цел да се промени нивното тело со диета, вежбање, нарушувања во исхраната, козметичка хирургија, итн.[21]
Причини за депресија
[уреди | уреди извор]Теоријата за научена беспомошност претпоставува дека бидејќи човечките тела се променливи само до одредена точка, луѓето развиваат чувства на телесен срам и страв, од што тие создаваат чувство на беспомошност во врска со коригирањето на нивниот физички изглед и беспомошност во врска со (не)можноста за контролирањето на начинот на кој другите го гледаат нивниот изглед. Овој недостаток на контрола често резултира со депресија.[21] Во врска со недостатокот на мотивација, теоријата за објектификација смета дека жените имаат помалку контрола во однос на врските и работната средина, бидејќи тие треба да зависат од проценката на друг, кој обично ја базира нивната евалуација врз основа на физичкиот изглед. Бидејќи зависноста од евалуацијата од друг ја ограничува способноста на жената да создаде свои позитивни искуства и мотивација, тоа негативно ја зголемува нејзината веројатност за депресија.[21] Исто така, сексуалното малтретирање може да биде причина. Поточно, виктимизацијата во рамките на работното место ги деградира жените. Искусувањето на малтретирање секојдневно носи последици за жената, а понекогаш резултира во состојба на депресија.[21][22]
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ 1,0 1,1 Barry, Kathleen, Female Sexual Slavery (NYU Press, 1994), ISBN 978-0-8147-1069-2, p.247
- ↑ Goldenberg, Jamie L., and Tomi-Ann Roberts, 'The Beast within the Beauty: An Existential Perspective on the Objectification and Condemnation of Women' in Jeff Greenberg, Sander Leon Koole, Thomas A. Pyszczynski and Tom Pyszczynski (eds) Handbook of Experimental Existential Psychology (Guilford Press, 2004), ISBN 978-1-59385-040-1
- ↑ Bartky, Sandra Lee, Femininity and Domination: Studies in the Phenomenology of Oppression (Routledge, 1990), ISBN 0-415-90186-3, p. 26
- ↑ LeMoncheck, Linda, Loose Women, Lecherous Men: A Feminist Philosophy of Sex (Oxford University press, 1997), ISBN 978-0-19-510556-8, p. 133
- ↑ 5,0 5,1 Jhally, Sut (dir) Dreamworlds II: Desire, Sex, Power in Music (Media Education Foundation, USA, 1997)
- ↑ 6,0 6,1 6,2 Fredrickson, Barbara L.; Tomi-Ann Roberts. (1997). "Objectification Theory: Toward understanding women's lived experiences and mental health risks". Psychology of Women Quarterly 21(2):173–206. doi:10.1111/j.1471-6402.1997.tb00108.x. Посетено на 2014-4-16. Грешка во наводот: Неважечка ознака
<ref>
; називот „fredrickson2“ е зададен повеќепати со различна содржина. - ↑ Hewstone, Miles; Marilynn B. Brewer (2004-01-01). Self and Social Identity. Blackwell Publishing Professional. стр. 167. ISBN 978-1-4051-1069-3.
- ↑ Fredrickson, Barbara L.; Tomi-Ann Roberts (1997). „Objectification Theory: Toward understanding women's lived experiences and mental health risks“. Psychology of Women Quarterly. 21 (2): 172–206. doi:10.1111/j.1471-6402.1997.tb00108.x. Посетено на 2008-12-11.[мртва врска]
- ↑ Lee, Janet. 1994. Menarche and the (hetero)sexualization of the female body. Gender & Society 8(3):343–362. doi:10.1177/089124394008003004
- ↑ APA Task Force on the Sexualization of Girls (2007-02-19). „Report of the APA Task Force on the Sexualization of Girls, Executive Summary“. American Psychological Association. Посетено на November 2, 2007.
- ↑ Jensen, Robert, 'Using Pornography' in Dines, Gail, Robert Jensen and Ann Russo (eds) Pornography: The Production and Consumption of Inequality (Routledge, 1998), ISBN 978-0-415-91813-8
- ↑ Frith, Katherine, Ping Shaw and Hong Cheng 'The Construction of Beauty: A Cross-Cultural Analysis of Women's Magazine Advertising' in Journal of Communication 55 (1), 2005, pp.56–70
- ↑ Simon Schama. Citizens. A Chronicle of the French Revolution, p. 147. New York: Alfred A. Knopf, Inc., 1989. ISBN 0-394-55948-7.
- ↑ MacKinnon, Catharine (1992). Only Words. Harvard University Press. ISBN 978-0-674-63934-8.
- ↑ 15,0 15,1 15,2 Bartky, Sandra Lee. (1990). Femininity and Domination: Studies in the Phenomenology of Oppression. Routledge. ISBN 978-0-415-90186-4. p 26.
- ↑ Kaschak, Ellyn. (1992). Engendered Lives: A new Psychology of Women's Experience (Basic Books). ISBN 0-465-01349-X. p 12.
- ↑ Goldenberg, Jamie L., and Tomi-Ann Roberts. (2004). The beast within the beauty: An existential perspective on the objectification and condemnation of women. In: J Greenberg, SL Koole, T Pyszczynski (eds), Handbook of experimental existential psychology; p 71–85. (Guilford Press). ISBN 978-1-59385-040-1.
- ↑ 18,0 18,1 Fredrickson, Barbara L. and Kristen Harrison. (2005). Throwing like a girl: Self-objectification predicts adolescent girl's motor performance. Journal of Sport and Social Issues 29(1):79–101. doi:10.1177/0193723504269878. p 82.
- ↑ Fredrickson and Harrison (2005), p 90–95.
- ↑ LeMoncheck, Linda. (1997). Loose Women, Lecherous Men: A Feminist Philosophy of Sex (Oxford University Press). ISBN 978-0-19-510556-8. p 133.
- ↑ 21,0 21,1 21,2 21,3 21,4 Fredrickson, Barbara L. and Tomi-Ann Roberts. 1997. "Objectification Theory: Toward Understanding Women's Lived Experiences and Mental Health Risks." Psychology of Women Quarterly 21(2):173-206
- ↑ 22,0 22,1 Doob, Christopher, B. 2013.Social Inequality and Social Stratification in US Society.1st ed. Upper Saddle River, NJ: Pearson Education, Inc.
- ↑ Moradi, B., & Huang, Y.-P. (2008). Objectification theory and psychology of women: A decade of advances and future directions. "Psychology of Women Quarterly, 32", 377-396. doi: 10.1111/j.1471-6402.2008.00452.x Архивирано на 17 март 2013 г.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- "Feminist Perspectives on Objectification" by Evangelia Papadaki, Stanford Encyclopedia of Philosophy, March 10, 2010.
- "Feminist Perspectives on Sex Markets: 1.3 Sexual Objectification" by Laurie Shrage, Stanford Encyclopedia of Philosophy, July 13, 2007.
- "FAQ: What is sexual objectification?" by Tigtog, Finally, A Feminism 101 Blog, March 23, 2007.
- John Berger's Ways of Seeing, Episode 2: The Female Nude. Part 1, Part 2, Part 3, Part 4. (Archived on YouTube.)
- "Sexual Suggestiveness in Online Ads: Effects of Objectification on Opposite Genders" by Sriram Kalyanaraman, Michael Redding, and Jason Steele, Media Effects Research Laboratory, Pennsylvania State University, 2000.