Никола Крстев
Никола Крстев | |
---|---|
Роден(а) | Лазарополе, Реканско |
Националност | Македонец |
Занимање | иконописец, зограф |
Познат(а) по | цркви |
Значајни дела | во текстот |
Деца |
Никола Крстев Дулев — македонски иконописец и зограф, претставник на Дебарската школа и припадник на зографскиот род Коловци (Дулевци) наречен по него и татко му.
Животопис
[уреди | уреди извор]Роден е во големото мијачко село Лазарополе.[1] Традиционално се смета за син на мајсторот Дуле, но можно е да бил син на градителот Крсте Лазарополски.[1] Автор е на живописот во припратата на црквата „Св. Ѓорѓи“ во Лазарополе.[1][2] Натписот гласи:
Сїѧ естъ зȢграфіа на притворѣ ѧ поклони Митре Дамѧновичъ кеѧа Кокалеску, да мȢ е на помош со семъ родители егѡ, за телесно здравие, за дȢшевно спасение и за Ȣсопши дȢши 1873 апрелі 20. ЗȢграфъ Никола Кръстевъ ѿ Лазарополе.[1]
Никола Крстев е автор на дел од фреските во „Св. Богородица“ во кавадаречкото село Фариш, датирани 1880 година: на левата олтарна врата е насликан Архангел Михаил и има натпис:
Сиѧ естъ икона ѧ приложи Иѡванъ
Неда Силѧнъ Стоѧнко Ангеле
даиме напомошъ. 1880: Априлїа = 18 г, Зуграфъ Нікола
Крстев ѿ Лазорополе.[3]
Родословие
[уреди | уреди извор]Дуле | |||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Никола Дулев | |||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Крсте Николов (1839 - 1938) | Константин Николов | ||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Русалим Крстев | Рафаил Крстев | Томо Константинов | Јаким Константинов | Теодосиј Константинов | |||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Владимир Рафаилов | Крсте Рафаилов | ||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ 1,0 1,1 1,2 1,3 Василиев, Асен (1965). Български възрожденски майстори: живописци, резбари, строители. София: „Наука и изкуство“. стр. 244.
- ↑ Поповска-Коробар, Викторија. „За иконостасот на црквата Св. Ѓорѓи во Лазарополе“. Патримониум.мк. Скопје (11): 237.
- ↑ „Раскошот и пустошот на црквата „Св. Богородица" во село Фариш, Кавадаречко“. Портал Пелагон. 17 август 2018. Посетено на 13 април 2020.