Крсте Николов Колоски
| Крсте Николов Колоски | |
|---|---|
Крсте Коловски со свое дело околу 1910 г. | |
| Роден(а) | 1839 Лазарополе, Реканско |
| Починал(а) | 1938 Лазарополе, Реканско |
| Националност | Македонец |
| Занимање | зограф, иконописец |
| Познат(а) по | цркви и манастири |
| Значајни дела | во текстот |
| Роднини |
|
Крсте Николов Коло(в)ски или Дулев (1839 - 1938) — истакнат македонски зограф и иконописец, претставник на Дебарската школа.[1]
Животопис
[уреди | уреди извор]Роден е во 1839 г. во мијачкото село Лазарополе. Потекнува од големиот зографски род Дулеви (Коловци), чијшто основоположници се дедо му Дуле и татко му Никола Крстев. Крсте изработил икони во црквите „Св. Никола“ во Мраморец и „Св. Ѓорѓи“ во Злести, Тетовско. Негово дело е и иконата на Кирил и Методиј од 1881 година во црквата „Св. Илија“ во Зарово, Солунско.[1]
На влезот на црквата „Св. Атанасиј“ во Рајчица има натпис:
| „ | Овој свети храм Светјаго Атанасија се започна во лето 1866 и се зографиса во 1875, во тоа време беше епитроп Ангеле Митре се потрудија друштво со сите браќа селани за вечна им памјат – од раката на зографот Крсте Колов од Лазарополе.[2] | “ |
Во 1881, 1883 и 1885 г. заедно Никола Михајлов и Станко Цветков - Мијак од Крушево работел на иконостасот во црквата „Св. Богородица“ во Македонски Брод.[3]
Подоцна Крсте се преселил во Охрид, каде за помошник го зел Серафим Тризла. Често работел со брата си Константин. Ги обучил синовите Рафаил и Русалим, со кои потоа често творел.[1] Во својот тефтер напишал дека во 1890 г. работел со брат му Коста во Софија, каде дале 932 гроша за бои, а оттаму „во Ломско зафаќаме во Сталинска Маала и во Белоградчик“.[4] Во црквата „Св. Петар и Павле“ во Сталиска Маала има икона потпишана и датирана во 1891 г. На оваа необична икона се претставени светците Евстатиј, Трифун и Јулијан како ги држат нивните атрибути: Евстатиј — страк пченка, Трифун — лозарски нож (косир) и лозово гранче, а Јулијан — житни стебла.[5]
Николов како и татко му пред него работел и во Ќустендил и Ќустендилско, како и во Горна Џумаја, Пиринска Македонија.[4]

Во 1895 г. Крсте ги насликал иконите за иконостасите на црквите во струшките села Горна и Долна Белица,[6] потпишувајќи се на грчки (заради патријаршиските правила) како Ставрос Николау.[7]
Иконите во црквата „Св. Богородица“ во Волино се изработени од Крсте Колоски и неговиот син Рафаил.[8] Иконите во црквата „Св. Атанасиј“ во Јудово исто така се негово дело, овојпат заедно со синот Русалим. Фреските се од 1902 г.[9] Околу 1919 г. Крсте заедно со синот Рафаил и Димитар Андонов (Донев) творел во црквата „Св. Атанасиј“ во Радиовце, Тетовско. Во 1920-тите со Рафаил ја живописал новата црква во манастирот „Сите Светители“ во Лешани.[6] Во 1928 г. со Рафаил ја зографисал и црквата „Св. Мина“ во Коњско.[8] Следната 1929 г. двајцата ја живописале „Успение на пресв. Богородица“ во Скребатно, Охридско.[8]

Крсте работел и низ Солунско, Тетовско, Ќустендилско, во селската црква во родното Лазарополе, а негови творби се наоѓаат и во цркви на Косово и остатокот од Јужна Србија.[6]
Крсте Колоски починал 1938 година во Лазарополе.[1][6]
- Икони и фрески од црквата „Св. Атанасиј“ во Радиовце
- Иконостасот
- „Рождество Богородично“
- „Света Троица“
- „Богородица Поширока од небесата“
- Поткуполниот простор
Родословие
[уреди | уреди извор]| Дуле | |||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
| Никола Дулев | |||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
| Крсте Николов (1839 - 1938) | Константин Николов | ||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
| Русалим Крстев | Рафаил Крстев | Томо Константинов | Јаким Константинов | Теодосиј Константинов | |||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
| Владимир Рафаилов | Крсте Рафаилов | ||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- 1 2 3 4 Василиев, Асен (1965). Български възрожденски майстори: живописци, резбари, строители. София: Наука и изкуство. стр. 244.
- ↑ Јовчевски, Петко и Методија Јовчевски (2000). Рајчица и Рајчка парохија – крајот на XIX и првата половина на XX век. Дебар. стр. 45-46 и 57. no-break space character во
|title=во положба 26 (help) - ↑ Николоски, Дарко (3 – 5 јуни 2012, стр. 358). „Прилог кон делото на зографот Никола Михаилов“ (PDF). Ниш и Византија XI: зборник радова. Симпозиум „Ниш и Византија XI“, Ниш. Архивирано од изворникот (PDF) на 2014-04-08. Посетено на 8 април 2014. no-break space character во
|date=во положба 2 (help); Проверете ги датумските вредности во:|date=(help) - 1 2 Гергова, Иванка, Елена Генова, Иван Ванев, Майя Захариева (2017). Дебърски майстори във Видинска епархия, том I. София: Институт за изследване на изкуствата – БАН. стр. 15. ISBN 978-954-8594-66-0.
- ↑ Гергова, Иванка, Елена Генова, Иван Ванев, Майя Захариева (2017). Дебърски майстори във Видинска епархия, том I. София: Институт за изследване на изкуствата – БАН. стр. 18. ISBN 978-954-8594-66-0.
- 1 2 3 4 „Крсте Николов Колоски (1839 – 1938)“. Посетено на 1 април 2014. no-break space character во
|title=во положба 28 (help) - ↑ Малески, Владо (1970). Струга и Струшко: историја, стопанство, култура, уметност, образовање, здравство, физичка култура. Струга: Собранието на општина Струга. стр. 343.
- 1 2 3 „Охридско архијерејско намесништво“. Дебарско-кичевска епархија. Посетено на 17 март 2014.
- ↑ „Кичевско архијерејско намесништво“. Дебарско-кичевска епархија. Архивирано од изворникот на 2013-02-12. Посетено на 16 март 2014.