Назим Буши

Од Википедија — слободната енциклопедија
Назим Буши
Nazim Bushi
ПрекариАдаши
Род ОНА
Битки/војниВоен конфликт во Македонија, 2001

Назим Буши (албански: Nazim Bushi) е поранешен член на ОНА. Работел како член на обезбедувањето на ПДП, а бил и водник од прва класа во армијата на Македонија. Подоцна работел во касарната Петровец на радарската служба. Веднаш потоа бил отпуштен бил поради сомневања за антидржавна дејност, по што управата за безбедност и контраразузнавање го привела и го испрашувала. Откако бил пуштен од притвор, Буши заминал во кумановски Никуштак каде се приклучил на ОНА.[1]

Во текот на конфликтот во Македонија бил командант на ОНА во 114 регионална бригада (Кумановскиот регион).[2]

По крајот на конфликтот се приклучил кон партијата на Али Ахмети, ДУИ. ДУИ го предложил за заменик-директор на македонската Управа за безбедност и контраразузнавање. Откако министерот за внатрешни работи Љубомир Михајловски - Џанго го одбил овој предлог, ДУИ жестоко реагирал, барајќи оставка на министерот[3].

Во текот на 2005 година бил приведен, но по неколку часа пуштен на слобода.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Серафиновиќ, Миомир (21 декември 2004 00:00). „Хазби Лика си заминува од МВР“. А1. Посетено на 2011-02-19. Проверете ги датумските вредности во: |date= (help)
  2. „www.vmacedonia.com“. Архивирано од изворникот на 2011-02-12. Посетено на 2011-02-19.
  3. „Пред ресторан јадевме ќотек од „алфите". Време. 6 август 2005. Посетено на 2011-02-19.[мртва врска]