Манастир „Вознесение Христово“ - Шипша
Изглед
Вознесение Христово | |
---|---|
Αναλήψεως | |
41°13′32″N 24°11′8″E / 41.22556° СГШ; 24.18556° ИГД | |
Место | Шипша, Драмско |
Земја | Егејска Македонија, Грција |
Вероисповед | Цариградска патријаршија |
Архитектура | |
Завршена | 1930 |
Управа | |
Архијерејско намесништво | Драмско |
Епархија | Драмска |
Вознесение Христово (грчки: Ιερά Μονή Αναλήψεως — женски манастир во селото Шипша, Драмско, Егејска Македонија. Влегува во состав на Драмската епархија на Цариградската патријаршија.[1]
Манастирот е сместен во селото, кое се наоѓа во источните падини на планината Боздаг и северно од градот Драма. Основан е во 1930 г. од понтскиот монах Ѓорѓи Карслидис (1901 - 1959), кој е погребан во манастирот и подоцна прогласен за светец. Во 1970-тите со заложби на митрополитот Дионисиј Драмски изграден е нов манастир.[1] Сестринството се занимава со изработка икони, везење на срма, плетење и свеќарство.[2]
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ 1,0 1,1 „Ιερά Μονή Αναλήψεως“. Μοναστήρια της Ελλάδος. Посетено на 25 јуни 2017.[мртва врска]
- ↑ „Holy Monastery of Taxiarches (Sipsa) – Adriani – Platania – Paranesti – Holy Monastery of Prasinada - Drama“. JTI Tour Guide System. Посетено на 25 јуни 2017.