Мал воден бик
Мал воден бик | |
---|---|
Возрасна женка од Шпанија | |
Научна класификација | |
Царство: | Animalia |
Колено: | Chordata |
Класа: | Aves |
Ред: | Pelecaniformes |
Семејство: | Ardeidae |
Род: | Ixobrychus |
Вид: | I. minutus |
Научен назив | |
Ixobrychus minutus (Linnaeus, 1766) |
Малиот воден бик (Ixobrychus minutus) е птица од редот на чапјите, од семејството на штрковидните. Потекнува од Стариот Свет, а се населил и во Африка, централна и јужна Европа, западна и јужна Азија и на Мадагаскар. Птиците што живеат во умерениот појас на Европа и западна Азија се преселници, зимувајќи во Африка или јужна Азија, а оние што се гнездат во тропските краишта се седентарни (не се селат).[2]
Таксономија
[уреди | уреди извор]Има три подвида:
- Ixobrychus minutus minutus (Linnaeus, 1766). Европа, Азија, северна Африка; зиме во потсахарна Африка или јужна Азија;
- Ixobrychus minutus payesii (Hartlaub, 1858). Постојан жител на потсахарна Африка;
- Ixobrychus minutus podiceps (Bonaparte, 1855). Постојан жител на Мадагаскар.
Австралиската мала чапја (Ixobrychus dubius) и изумрената Новозеландска мала чапја (Ixobrychus novaezelandiae) формално се сметаат за подвидови на Малиот воден бик.[3]
Опис
[уреди | уреди извор]Малиот воден бик е многу мала чапја, од 25 до 36 см висока, со распон на крилата од 40 до 58 см и тежина од 59 до 150 g. Тоа е најмалата чапја во светот. Има краток врат, долгнавест клун и светложолти делови од телото. Кај мажјакот, грбот и темето се црни, а крилата им се црни со големи бели линии. Женките, пак, имаат покафенест грб и жолто-кафени линии на крилата.
Поведение
[уреди | уреди извор]Животната средина на Малиот воден бик е честакот. Прави гнездо на платформата од трската во џбуњето. Излегнува 4-8 јајца. Тешко може да се види од густите трски и прикриениот начин на живот. Се храни со риби, инсекти и водоземци.
Галерија
[уреди | уреди извор]-
Возрасна единка, кога испушта звук
-
Младенче камуфлирано во својата животна средина
-
Младенче на отворено, но повторно во вода
-
Museum specimen
Погледни
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ BirdLife International (2012). „Ixobrychus minutus“. IUCN Red List. Version 2012.1. International Union for Conservation of Nature. Посетено на 5 July 2012.
- ↑ Rasmussen, Pamela C. and John C. Anderton (2005) Birds of South Asia. The Ripley Guide
- ↑ Christidis, Les; Boles, Walter E. (2008). Systematics and Taxonomy of Australian Birds. CSIRO Publishing. ISBN 978-0-643-06511-6.
Библиографија
[уреди | уреди извор]- Прирачник на птиците во светот 1: 425-426. Lynx Edicions.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]„Мал воден бик“ на Ризницата ? |
„Ixobrychus minutus“ на Викивидовите ? |
- Ageing and sexing (PDF) by Javier Blasco-Zumeta & Gerd-Michael Heinze Архивирано на 23 јули 2011 г.
- Little Bittern - Species text in The Atlas of Southern African Birds