Прејди на содржината

Константин Везенков

Од Википедија — слободната енциклопедија
Константин Везенко(в)
Роден 1848
Крушево, Османлиско Царство
(денес Македонија)
Починал 1878
Феодосија, денес Украина

Константин Везенков или Везенко бил познат лекар. Роден е 1848 г., брат на познатиот македонски ѕидар и ајдутин Стојан. 3авршува медицина во Русија и како воен лекар учествува во Руско-турската војна, кога во 1878 г. е смртно ранет кај гратчето Феодосија, Крим.[1]

Цитати за Константин Везенков

[уреди | уреди извор]

Константин Јиречек, бугарски државник од чешко потекло, во својот Дневник вели дека Константин бил воодушевен од патриотизмот на Ѓорѓија Пулевски искажан во неговите песни за Филип и Александар Македонски. Еве како чешко-бугарскиот политичар ги критикува ваквите „авантуристички“ пројави на македонска етничка свест:

– „ Въ Марица тѣзи дни се печата фейлетонътъ на нѣкого си К. (безъ съмнение на авантюриста Конст. Везенко) върху македонскитѣ и други народни пѣсни, пише че министерството на просвѣтата въ София и дирекцията на просвѣтата въ Пловдивъ не обръщали никакво внимание за събирането на народнитѣ паметници, въпрѣки че разполагали съ толкова инспектори, и че по-скоро обезкуражавали отколкото да подпомагатъ старитѣ „антикаджии". После възхвалява ветерана Пулевски и възпроизвежда нѣколко негови патриотични стихове, много глупави: Филипъ и Александъръ били наши братя славяни, наши баби славянки сѫ ги родили. “[2]