Кашмир
Кашмир (кашмирски: کٔشِیر / कॅशीर; урду: کشمیر; ујгурски: كەشمىر; шина: کشمیر) е северозападниот дел на Индискиот Полуостров. Сè до средината на XIX век, поимот Кашмир се користел за долината што се наоѓа помеѓу Хималаите и Пир Панџал. Денес, Моментално кашмирскиот регион е поделен на три држави: Индија, Кина и Пакистан. Притоа, Кашмир ги опфаќа државата Џаму и Кашмир во Индија (со долината Џаму и Ладак), пакистанската административна провинција Северни Територии и Азад Кашмир, како и кинескиот административен регион Аксај Чин.
Историја
[уреди | уреди извор]Во првата половина на првиот милениум, Кашмир станал главен центар на хиндуизмот и подоцна на будизмот, а во XIX век се развил и Кашмирскиот шаивизам. Во 1349 година, Шахот Мирза станал прв муслимански владетел во Кашмир. Во наредните пет века, Кашмир има муслимански морнарси, кои владееле сè до 1751 година.
|