Иван Козарев

Од Википедија — слободната енциклопедија
Иван Козарев
Роден 5 април 1901
Добриништа, Пиринска Македонија
Починал 1 април 1944
Добриништа, Пиринска Македонија
Гробот на Козарев во Добриништа.

Иван Козарев, познат како Балкан (5 април 1901 - 1 април 1944) — деец на ВМРО (обединета) и комунист на БРП, учесник во НОБ и првиот партизан во Македонија и на целиот Балкан. Командант на чета при партизанскиот одред „Никола Парапунов“[1].

Животопис[уреди | уреди извор]

Иван Козарев е роден на 5 април 1901 година во селото Добриништа, Банско. Завршува прогимназија во своето родно село. Член на БКП. Учествува во Септемвриското востание од 1923 година во Разлошкиот крај. По создавањето на ВМРО (обединета) во 1925 година станува нејзин член. Поради оваа активности постојано е проследуван.

Прогонуван од ванчомихајловистичката ВМРО, тајно живеел во Софија, Сливен, Пловдив итн. Во 1935 година како резултат на предавство, паѓа во затвор, каде што лежи до 1938 година. Во затворот се сретнува со Никола Парапунов, неговиот подоцнежен соборец против бугарските сили. Таму посебно внимание му посветил на самообразованието. По излегувањето учествувал во создавање мрежа на македонско национално-ослободително движење за обединување на Македонија. Од 7 февруари 1941 година повторно преминал во илегала.[2]

На 27 јуни 1941 година во близина на изградениот од него рибник во месноста „Струго“ над Добриништа, при обид да биде уапсен од група полицајци, Козарев убива двајца од нив и со тоа започнало партизанско движење не само во Пиринска Македонија и Бугарија, но и на Балканот. Тоа се случува четири дена по почетокот на војната Германија против Советскиот Сојуз и два дена по решението од БРП за вооружена борба.

На 26 јули 1941 година, заедно со Парапунов ја создава во околината на Разлог првата партизанска чета во Пиринска Македонија и Бугарија. Го прифатил партизанско име Балкан. Бил прочуен како добар стрелец, како и по својата ладнокрвност и храброст при разни опасни ситуации, таквото негово држење го прославило низ Разлошко. Бил поставен за командант на чета при партизански одред „Никола Парапунов“.

Загинал при чудни околности во текот на ноќта на 31 март спроти 1 април 1944 година во близина на своето родно село Добриништа.

Извори[уреди | уреди извор]

  1. Николова В., Куманов М., Кратък исторически справочник. България, ДИ " Народна просвета ", С., 1983, с.270-271
  2. Енциклопедија Македоника, Скопје, 2009, книга I, стр 707