Гази Баба (парк-шума)

Координати: 42°00′33.6″N 21°27′12.7″E / 42.009333° СГШ; 21.453528° ИГД / 42.009333; 21.453528
Од Википедија — слободната енциклопедија
За други значења на поимот Гази Баба, видете на појаснителната страница
Патека низ парк-шумата

Гази Баба — вештачки подигната шума, која од своето формирање до денес, станала вистинска биоценоза со сите свои атрибути. Се наоѓа во центарот на Скопје, сместена на истоимениот рид. Поради нејзиното огромно значење, со Одлука на Градот Скопје шумата е заштитена како „карактеристичен пејзаж”. Карактеристичниот пејзаж Гази Баба како заштитено подрачје е под ингеренции на Градот Скопје а со него стопанисува јавното претпријатие Паркови и зеленило. Во 2015 година шумата е прогласена за споменик на природата.[1]

Особености[уреди | уреди извор]

Парк-шумата на север се граничи со Општина Бутел, населбата Бутел 2, на исток со Општина Гази Баба, населбата Железара и населбата Автокоманда, на југ со Природно-Математичкиот факултет, Студентскиот дом „Стив Наумов“, Шумарскиот факултет и Земјоделскиот факултет и на запад со Општина Чаир.

Карактеристичнот пејзаж Гази Баба е оформен во педесеттите години на XX век со првенствена и единствена намена- санитарно-хигиенсака заштита од емисиите од поранешната Железарница и нивно спречување да се дисперзираат кон внатрешноста на градот кој тогаш бил со значително помали димензии. Меѓутоа сега шумата се наоѓа во центарот на градот, а нејзината основна санитарно-хигиенска функција е надополнета и со културно-воспитната и туристичко-рекреативната функција.

Вкупната површина на карактеристичниот пејзаж Гази Баба изнесува 102,44 хектари. Тука се јавуваат голем број на разновидни лисјарски и четинарски видови на дрвја и грмушки а најраспространети се црниот бор, јасенот, дабот и други.

Значењето на шумата Гази Баба изразено во бројки на годишно ниво е дека таа:

  • врзува 1.323,6 тони јагленороден диоксид;
  • ослободува 970,64 тони кислород;
  • филтрира 5.294 тони прашина; и
  • апсорбира 8.824 килограми сулфур диоксид од воздухот и истот толку јаглерод моноксид и азотни оксиди.[2]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Закон за прогласување на локалитетот Парк-шума Гази Баба за парк на природата“ (PDF). Архивирано од изворникот (PDF) на 2017-07-11. Посетено на 2018-01-30.
  2. Гази Баба, „Природни ресурси“[мртва врска]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]