Бурлеска

Од Википедија — слободната енциклопедија
Бурлеска на Бен Хур, 1900 година

Бурлеска (претстава) е сценска претстава компонирана од скечеви, хумор, хорски песни и соло-танци.[1]

Потекло[уреди | уреди извор]

Воведена била во САД, во 1868 година од англискиот женски хор. Се развила како верзија на пејачкото шоу, поделена на три дела:

  • серија од хумористични песни, урнебесни скечеви и мкомични монолози;
  • олио, или комбинација од различни актови(акробации, магионичари, пејачи); и
  • хорски изведби и повремено имитирање, или бурлеска за политика или некоја актуелна драма.

Претставата завршувала со егзотичен танчар или боксерски натпревар.

Историјат[уреди | уреди извор]

Во почетокот на 20 век многу изведувачи, вклучувајќи ги Фани Брис, Ал Џолсон и В.Ц.Фидлс, своите кариери ги започнале со бурлески. Додавањето на стриптизот во 1920 година направило ѕвезда од циганката Роза Ли, но цензурата и конкуренцијата од филмот наскоро довеле до крај на бурлеската.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Британски енциклопедиски речник, ENCYCLOPEDIA Britannica, Топер, МПМ, 2005