Бистра Ангеловска

Од Википедија — слободната енциклопедија

Бистра Ангеловска — декан[1] на Факултетот за медицински науки при Универзитетот „Гоце Делчев“Штип. Своите додипломски студии ги завршила на Фармацевтскиот факултет на Унивезитетот во Белград. Продолжила со специјализација на Фармацевтскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Своите докторски студии ги завршила на Фармацевтскиот факултет при Медицинскиот универзитет во Софија и се стекнала со звање доктор по фармација.

Во своето работно искуство има работено како раководител на Медицинско снабдување во Здравствен дом во Делчево, во периодот од 1979 до 2000 година, потоа како помошник на министерот за здравство на Република Македонија за фармација (директор на Бирото за лекови) и помошник на директорот на Фондот за здравствено осигурување на Македонија за набавки и контрола. Во периодот од 2002 до 2009 година има работено како републички контролор-инспектор во Фондот за здравствено осигурување на Македонија. Од 2009 година работи како доцент[2] по фармација на Факултет за медицински науки при Универзитет „Гоце Делчев“ во Штип.

Членува во повеќе професионални асоцијации меѓу кои во Македонското фармацевтско друштво, Фармацевтската комора на Македонија, работната група за изготвување на документот Стратегија за лекови на Република Македонија, експертската група за ревизија на Списокот на лекови на товар на Фондот (позитивна листа), Уредувачкиот одбор на научно-популарното професионално списание „Фармацевтски информатор” при Фармацевтската комора на Македонија, Комисијата за изработка на референтни цени за лековите од позитивна листа, Работната група за изготвување на текстот на Законот за лекови и помошни лековити средства.

Во 2012 година е назначена за претседател на Фармацевтска комора на Македонија.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Официјално мрежно место на Факултет за медицински науки - „За факултетот". Архивирано од изворникот на 2013-07-09. Посетено на 2013-05-17.
  2. „Официјално мрежно место на Факултет за медицински науки - „Наставници". Архивирано од изворникот на 2013-06-15. Посетено на 2013-05-17.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]