Прејди на содржината

Анти

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прататковината на Словените.

Антите се една од трите словенски племенски групи образувани во IV век, на територијата на словенската прататковина, која се наоѓала источно и северно од Карпатите до реките Висла и Днепар.

Според римскиот хроничар Такит (а и според огромниот број слависти), Словените се делеле на три племенски групи: Венети, населени на западниот дел од нивната татковина, Анти, населени на источниот, и Склавини населени на јужниот дел. Тој исто така ја одредува татковината на Словените: Северното Прикарпатие – реките Днестар и Днепар.

Антите според Шахматов биле најбројнота словенска племенска група. Најголемиот дел од Антите останал во прататковината, или почнал да се придвижува кон исток и север - додека мал дел од Антите заедно со Склавините тргнал надолу и преку Карпатите навлегол во на југ сè до Тракија и Македонија.