Јанко Цаца

Од Википедија — слободната енциклопедија
Јанко Цаца
Роден 1881
Битола
Починал 1968
Скопје
Роднини Ѓорѓи Цаца, Маргарита Цаца Николовска

Јанко Цаца (роден во 1881 во Битола - починал во 1968 во Скопје) — македонски правник и адвокат.

Животопис[уреди | уреди извор]

Јанко Цаца е роден во 1881 година во Битола, каде завршил и Гимназија. Дипломирал на Правниот факултет во Атина околу 1903 година.

Со адвокатура почнал да се занимава уште од 1911 година, отворајќи своја канцеларија во Битола. Како адвокат, Цаца одржувал контакти и застапувал многу клиенти од Солун, Софија и Атина, користејќи го одличното познавање на грчкиот јазик. Во Битола работел до 1939 година кога се преселил во Прилеп каде ја наследил адвокатската канцеларија на неговиот роднина адвокатот Атанас Таче Тасиќ. Во периодот од 1941 до 1944 година, Цаца работел како адвокат во Прилеп и таквата позиција ја искористил да се ангажира во револуционерните организации во Прилеп и Крушево, како еден од организаторите на културните активности и подготвувањето на дописи за анимирање на населението во борбата за ослободување.

Во 1945 година, Јанко Цаца е еден од првите повоени македонски адвокати кој се запишал во Именикот на адвокатите на Адвокатската комора на Македонија со седиште на адвокатската канцеларија во Прилеп, каде работел до 1950 година.

Починал во Скопје во 1968 година.[1]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Адвокатурата и адвокатите во Битола“ - Сотир Главинче, Никола Главинче, Битола, 2011г.