Tremula

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Tremula
логото на Tremula
Биографски податоци
ПотеклоБитола, Македонија
ЖанровиБлек метал
Период на активност2003-2008
ИздавачиНепотпишани
СоработнициVinterthrone, Марас
Членови
Владимир Димитровски
Стефан Бојаџиев
Никола Мурговски
Зоран Мишевски

Tremula е македонски блек метал бенд формиран 2003 година во Битола.

Животопис[уреди | уреди извор]

Тремула бил формиран летото 2002, како трио составено од блиски пријатели и хеви метал ентузијасти. Нивната музика била под влијание на блек метал состави како норвешки Мејхем. Првите членови биле Владимир, Стефан и Никола, а подоцна (во 2003) им се придружил вокалот и басист Зоран Мишевски.

Тогаш воедно започнале со создавање своја авторска музика, што резултирало со нивното прво демо Амброзично црвенило, снимено во 2004. Поради технички проблеми, снимањето се непотребно одолговлекло па така материјалот бил завршен во 2005 година.

Во 2007 вокалот Зоран решил да се повлече од бендот, но тројцата членови од оригиналната постава продолжиле понатаму. Тапанарот Никола Мурговски бил на студии во Словенија, но и покрај многуте обврски ја продолжил верноста кон бендот. Тој починал во несреќен случај за време на неговиот престој во Словенија, што претставувало голема загуба за бендот.

Во септември 2008, групата го издаде синглот „Праг“, кој го означил музичкиот прогрес во нивното творештво. Набргу потоа, преостанатите членови Владимир и Стефан решаваат бендот да престане да постои.[1]

Членови[уреди | уреди извор]

Дискографија[уреди | уреди извор]

  • Амброзично црвенило (2005) (демо албум)
  • Hellfire's Trinity (2006) (сплит)
  • Праг (2008) (сингл)

Наводи[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]