The Butterfly Effect (2004)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
„The Butterfly Effect (Ефект на пеперутка)“
Премиера јануари 23 2004 (2004-01-23)
Времетраење 114 минути
Држава САД
Јазик англиски
Буџет $13 милиони[1]
Бруто заработка $96.1 милион[1]

The Butterfly Effect (македонски: Ефект на пеперутка) — американски психолошки трилер во кој главните улоги ги играат Ештон Кучер, Ејми Смарт и Ерик Штолц.

Содржина[уреди | уреди извор]

Еван Треборн (Ештон Кучер), боледувал од неколку психолошки трауми како дете, кои биле пропратени со силни главоболки, губење на сеќавањето и големи стресови. Трагајќи по одговорите кои би ги излечиле неговите емоционални рани, открива дека кога чита од својот адолесцентски дневник може да патува назад во времето и да менува делови од своето минато. Секоја од тие измени од минатото имаат последици кои влијаат врз сегашноста - неговата алтернативна сегашноста варира, пример во една ситуација е студент, во друга затвореник, а во трета инвалид. Додека упорно пробува работите да ги направи најдобри за себе и за луѓето кои ги познава, сфаќа дека колку и да му биле добри намерите, секогаш постојат неочекувани последици. Поради тоа мора да патува се подалеку во минатото како би ја пронашол првобитната причина на се тоа што за последица ја има неговата моментална сегашност.

Наводи[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]