„Svega ima, al' bi još“ (македонски: Сѐ има, но би сакала уште) е песна од хрватската поп пејачка Јелена Розга од нејзиниот втор соло студиски албум Bižuterija (2011). Песната е издадена како првиот сингл од албумот во 2008 година. Напишана е од парот Хуљиќ, односно музичарот и продуцент Тончи Хуљиќ и неговата сопруга, поетесата и текстописец Вјекослава Хуљиќ. Аранжманот е завршен од Реми Казиноти. Со цел да ја промовира песната, Розга ја извела песната во живо за време на фестивал.