RC коло

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

RC коло, или отпорник-кондензатор коло, или RC филтер, претстатува електрична врска (коло) на отпорник и кондензатор.

Примена[уреди | уреди извор]

RC колото може да биде користено како филтер на сигнали со блокирање на одредени фреквенции и со пропуштање на други. Два најчесто користени RC филтри се high-pass филтер односно пропуштач на високи фреквенции и low-pass филтер односно пропуштач на ниски фреквенции.

RC коло - Еднонасочна струја[уреди | уреди извор]

Кондензатор RC коло - полнење на кондензатор

Изведбата на RC колото приклучено на еднонасочен извор на напојување е изведено со дополнителен елемент прекинувач со кој, на едната позиција кондензаторот прво се полни, односно е приклучен на извор преку отпорник а на другата позиција, кондензаторот се празни преку истиот тој отпорник. На сликата десно, тоа би било, состојба 1 на Vin е приклучен напон и кондензаторот се полни и состојба 2, Vin е кратко споен со што кондензаторот почнува да се празни.


Полнење на кондензаторот[уреди | уреди извор]

Користејќи го Кирхофовиот закон, за колото од сликата, следува:

Капацитетот на кондензаторот е даден со:

Кондензатор RC коло - полнење на кондензатор

па од тука напонот на неговите краеви, според горната формула, ќе биде:

Користејќи го Омовиот закон, напонот на отпроникот е:

А за струјата може да се напише:

Од овие равенки, може да се изведе следново:




Со нејзино решавање, се добива:

Односно

Временската константа е производ од вредностите на отпорникот и кондензаторот дадена во секунди:

За време t= RC (односно временската константа) полнењето е:

Тоа значи дека за временската константа во секунди, кондензаторот ќе се наполни на 63.2% Полнењето на кондензаторот не е константно туку е експоненцијално и оваа крива зависи од капацитетот на кондензаторот и од отпорникот во серија. Изведената равенка за вредноста на струјата низ отпроникот, која е и струја на полнење на кондензаторот е дадена со:

За време t = 0, вредноста на струјата ќе биде максимална и дадена како:

Како што се зголемува времето и оди кон бескрај, така и струјата е се поблиску до вредност нула. За време на времеската константа, струјата низ отпроникот ќе биде:

Напонот на конденаторот, во зависност од времето, се менува според равенката:

Празнење на кондензаторот[уреди | уреди извор]

Кондензатор RC коло - празнење на кондензатор

Кога прекинувачот би се префрли од позиција А во Б, како би го кусо врзал делот ‘’Vin’’, кондензаторот почнува да се празни преку отпорникот. Напонот на кондензаторот при празнење, може да се пресмета од:

Струјата на кондензаторот низ затвореното коло, ќе биде:


Негативниот предзнак значи дека струјата е во обратна насока од онаа кога кондензаторот се полни.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]