Pie Postulatio Voluntatis

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Pie Postulatio Voluntatis
Була од папата Папа Пасхалиј II
Coat of Arms of Benedictus XVI.svg
Дата15 февруари 1113
МестоБеневенто, Италија
Енциклички бројна понтифактот

Pie Postulatio Voluntatisпапска була која била издадена од Папа Пасхалиј II на 15 февруари 1113 година во градот Беневенто, Италија. Со оваа була официјално бил основан витешкиот орден Болничари.

Како и другите папски були, и оваа го добила своето име според првите зборови на текстот. Редот е признаен како независна меѓународна организација, поставена само во непосредна зависност на папата. Сите привилегии и права на орденот во Европа и Азија, како актуелни, така и оние кои ќе бидат стекнати во иднина, ќе бидат засекогаш во сопственост на орденот. Булата предвидува и дека по смртта на лидерот на орденот, никој да не може да застане на негово место со итрина, интрига или со сила, туку неговото место да биде заземено преку избор на членовите на орденот во согласност со Божјата волја. За оние кои ќе ги прекршат правилата било предвидено исклучување од црквата.

Наводи[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]