One Direction

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Уан дирекшн (англиски: One Direction) е британско-ирска музичка група формирана во Лондон, 2010 година. Во состав на групата спаѓаат: Лиам Пејн, Најл Хоран, Зејн Малик (кој поради приватни причини ја напушти групата) ,Хари Стајлс и Луи Томлинсон. Членовите на бендот се соединиле по учество во британското талент шоу Икс фактор. На предлог на жирито, од петмината создадена е група, чие натпреварување завршило со освојување на третото место. По тоа, групата потпишала договор со издавачката куќа на Сајмон Кауел. Како резултат на овој договор, издаден е првиот сингл What Makes You Beautiful во септември, 2011 година кој бил број еден во Велика Британија и во Ирска, а во новември истата година и првиот албум под името Up All Night, кој се нашол на второ место на американската топ листа на албуми, па така во март 2012 се нашол и на првото место на Билбордови листи 200 најдобри албуми. Дебитанскиот албум зазема прво место во петнаесет земји.

На МТВ видео музичкото натпреварување во септември 2012 година доделена им е награда за најдобро поп видео, како и награда за најдобри млади уметници. Тоа е прва англиска група која прв пат се наоѓа на прво место во САД со дебитантски албум. Освојуваат БРИТ награда за најдобар сингл во 2012 година. Победници се за омилени британски бенд на Никелодион кидс чојс истата година.


Учествување на Икс фактор (2010-2011)

Годината 2010,Зејн Малик,Лиам Пејн,Луи Томлинсон,Најл Хоран и Хари Стајлс одлучиле да се пријават на кастинг за седмото британско издание на музичкото шоу Икс Фактори барајќи од судиите да настапуваат како соло уметници во машката категорија.

Зејн се пријавил на кастингот уште од 2009 година,но не се појавил дека немал доволно храброст.Меѓутоа,година дена подоцна,сепак се одлучил да се соочи со судиите,пеејќи акапела песна на Марио ,,Let Me Love You.Никол Шерцингер,Луис Уолш и Сајмон Каул беа едногласни.Зејн добил три од три позитивни оценки и без проблеми поминал понатаму во другиот круг за натпреварување.На кастингот исто така се пријавил и Луи Томлинсон со песната ,,Hey There Delilah' кој ја изведува групата на ,,The Pain White TS. Toj ги импресионира жирито и секако добива три ,,да со што Луи го продолжува натпреварувањето.За Лиам Пејн ова е втор пат што учевствува во ова шоу .Првиот пат се пријави во 2008 година. Тој тогаш имаше само 14 години , а во 2009та година можеа да се пријават луѓе до само 16 години , па затоа тој чекаше и се пријави повторно во 2010.

Ова стана најпознатата музичка група на сите времиња, со огромниот број фанови и со надминувањето на поранешната британска група "The Beatles". Во 2014 година го издадоа нивниот четврти албум по името Four(четири). Кон крајот н 2015 година тие го издадоа првиот албум без нивниот пријател Зејн Малик кој до 25 Март 2015 беше во нивната група. Албумот го носи името Made in the A.M.

Нивната кариера напредува. Досега тие имаат веќе 5 албума :Up all night-нивниот прв албум со нивната хит песна What makes you beautiful , Take me home- нивниот втор албум вѓкој е издаден во 2012 година ,Midnight memories -Третиот албум кој е издаден во 2013 година, Four-Нивниот четврти албум издаден во 2014 година и Made in the A.M- Нивниот петти албум кој го издадоа без нивниот придружник Зејн Малик кон крајот на 2015 година и почетокот на 2016 година. Момците сега се на пауза , а нивните фанови очекуваат тие пак да се вратат на сцена во 2017 со нови изненадувања.