Прејди на содржината

Macrophya duodecimpunctata

Од Википедија — слободната енциклопедија
Macrophya duodecimpunctata
Macrophya duodecimpunctata Норвешка
Научна класификација
Царство: Animalia
Колено: Arthropoda
Класа: Insecta
Ред: Hymenoptera
Подред: Symphyta
Натсемејство: Tenthredinoidea
Семејство: Tenthredinidae
Род: Macrophya
Вид: M. duodecimpunctata
Научен назив
Macrophya duodecimpunctata
(Linnaeus, 1758)

Macrophya duodecimpunctata е вид на растителна оса во семејството Tenthredinidae.

Живеалиште

[уреди | уреди извор]

Географската распространетост на оваа оса е: Европа, Турција, Сибир, Јапонија. Во Македонија се среќава во источниот дел.[1]

Биологија

[уреди | уреди извор]

Возрасните единки достигнуваат должина од 10-11 милиметри. Главата им е црна, грубо пунктирана и матова. Градите се црни од долната страна, аглите на пронотумот и скутелумот бели. Крилата жолтеникави, жилките светлокафеави а стигмата жолта.[1] Нозете црни со белузлави дамки, предните и средните најобично белузлави на предните страни, задните нозе со белузлави дамки на коксите и со белуизлави појаси на надворешните страни на тибиите. Абдоменот црн, со белузлави дамки од страните на петтиот и шестиот тергит, понекогаш и на четвртиот и деветтиот.[1]

Ларвите достигнуваат должина од 18 мм. Главата им е светложолтокафеава со 5 надолжни линии, составени од темносиви точким телото кафеаво, од долната страна посветло. Од горната страна со две надолжни темнокафеави линии. На нозете коксите со темни дамки, фемурите довојно подолги од трохантерите. Тие се развиваат во периодот од август до октомври, а возрасните се среќаваат во периодот мај-септември.[1]

  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 Јонче Чинговски: Фауна на Македонија VI, Скопје, 1985, стр. 235-236