CZ 99
| CZ 99 | |
|---|---|
CZ 999 | |
| Тип | Пиштол |
| Потекло | Србија |
| Употребна историја | |
| Корисници | Србија, Македонија |
| Производна историја | |
| Конструктор | Божидар Благојевиќ [1] |
| Конструирано | 1989 |
| Производител | Застава Оружје |
| Год. на производство | 1990 - |
| Тех. особености | |
| Тежина | 960-970g |
| Должина | 190mm |
| Цевка length | 108mm |
| Висина | 140mm |
| Куршум | 9mm Пара, .40 S&W |
| Механизам | Единечен и двоен |
| Полнење | 15 куршумски магацин (9mm), 10-12 куршумски (.40) [2] |
| Нишани | Отворен челичен |
CZ 99 (CZ-99) е пиштол во поризводство на Застава Оружје од Крагуевац, Србија.
Варијанти
[уреди | уреди извор]Калибарот на пиштолот е 9mm Пара, но постои и верзија .40SW. Постојат понови верзии: CZ 999, со СДФ (само двојна функција) и ДФ/ЕФ (двојна функција/единечна функција) селектор и CZ 999 Scorpion без овој селектор.
Во ова време, Црвена Застава работат на нови модификации на првичниот концепт.
Четвртата генерација од семејството CZ 99 е CZ05 кој почнал да се произведува на пролет 2007. Се разликува од CZ 999 Scorpion со тоа што му е додадена Пикатини-шина.
Употреба
[уреди | уреди извор]Спрската и македонската полиција користат CZ 99 како службен пиштол, а истиот и се извезува. Копии на CZ 99 се произведувале во Јужна Африка и Израел. Постои и компактна верзија: CZ 99G Compact.
Израелската копија е онаа на моделот CZ 99 Compact G и се произведува од KSN Industries и го носи името „Голан“. Јужноафриканската копија е онаа на големиот CZ 99, со име TZ-99 и негов произведувач бил Tressitu накратко пред нивниот банкрот.
Наводи
[уреди | уреди извор]Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Официјално мрежно место на Застава Оружје Архивирано на 29 октомври 2007 г. (српски)
- CZ999.org - Застава CZ 999 и Застава CZ05 - Неофицијално мрежно место Архивирано на 28 ноември 2020 г. (англиски)