Прејди на содржината

Bell 206 Long Ranger

Од Википедија — слободната енциклопедија
Bell 206 Long Ranger
Канадски Bell 206L-4 LongRanger
 
Цело име Bell 206 Long Ranger
Тип повеќенаменски хеликоптер
Класа лесен
Сместување еден или два пилоти или четири или пет патници
Земја на потекло САД
Производител Bell Helicopter Company/Bell Helicopter Textron (САД/Канада), Agusta (Италија), Cardoen Industries (Чиле)
Земји корисници Австрија, Австралија, Бангладеш, Бразил, Брегот на Слоновата Коска, Брунеи, Камерун, Колумбија, Кипар, Чиле, Еквадор, Грција, Гватемала, Гвајана, Јамајка, Израел, Иран, Италија, Либија, Индонезија, Малта, Мексико, Мароко, Оман, Пакистан, Перу, Саудиска Арабија, Словенија, Јужна Кореја, Шри Ланка, Шведска, Танзанија, Тајван, Тајланд, Турција, Уганда, Обединети Арапски Емирати, САД, Венецуела, Јемен, Обединети Нации
Намена првенствено за цивилни потреби, а во некои држави и за воени потреби
Мотори еден турбомлазен мотор Allison 250 C30P, со сила од 650 кс
Димензии Должина со ротори: 12,95 м

Височина: 3,56 м

Пречник на HP: 11,28 м

Пречник на OP:1,65 м

Маса Празен: 1,039 кг

Максимална: 2,064 кг

Корисна: 971 кг

Перформанси Максимална брзина: 207 км/ч

Крстосувачка брзина:

Макимална висина:

Максимален долет: 600 км

Траење на летот: 3 ч

Вкупно гориво: 419 л

Опрема стандарна навигациска и навигациска

Од хеликоптерот Bell 206 JetRanger, при крајот на седумдесеттите години за цивилни потреби е развиена варијанта Long Ranger, со посилен мотор, продолжен труп и со зголемена тежина за 500 кг во полетување. Со развојот и производството на хеликоптерот, на светскиопт пазар е понуден хеликоптер со проверена традиција, но во ново руво, за да ги задоволи потребите на купувачите ширум светот.

Варијанти

[уреди | уреди извор]
Канадски Bell 206 Long Ranger
  • Model 206L-1 Long Ranger - верзија од JetRanger III, со продолжен труп
  • Model 206L-2 Long Ranger II - подобрена L-1 верзија, со турбомлазен мотор Allison 250-C28B, со сила од 489 кс
  • Model 206L-3 Long Ranger III - подобрена верзија со турбомлазен мотор Allison 250 C30P, со сила од 650 кс
  • Model 206L-4 Long Ranger IV - канадска верзија
  • Model 206LT Twin Ranger - канадска двомоторна верзија предложена воена верзија од L-2
  • Model 206L Texas Ranger - предложена воена верзија од L-2
  • Cardoen CB 206L-III - предложена бродска верзија за Ирак, вооружена со топ и изградена во Чиле