Bell 204/UH-1 Iroquois/Huey

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Bell 204/UH-1 Iroquois/Huey
Avc-bell204-071002-01-16.jpg
Bell 204
 
Цело име Bell 204/UH-1 Irquois/Huey
Тип повеќенаменски хеликоптер
Класа лесен
Сместување два пилоти и седум до девет патници
Земја на потекло САД
Производител Bell Aircraft Company/Bell Helicopter Company (САД), Agusta (Италија), Fuji-Bell (Јапонија)
Земји корисници Австрија, Колумбија, Хондурас, Индонезија, Италија, Јапонија, Јемен, Панама, Парагвај, Јужна Кореја, Шпанија, Шведска, Тајланд, Турција
Намена за поддршка (транспорт) на армиски сили
Мотори еден мотор Textron Lycoming T53-L-11, со сила од 1,100 кс
Димензии Должина на трупот: 12,98 м

Височина: 3,84 м

Дијаметар на HP: 13,41 м

Маса Празен: 2,300 кг

Максимална: 4,309 кг

Корисна: 3,000 кг

Перформанси Максимална брзина: 238 км/ч

Крстосувачка брзина: 222 км/ч

Максимална височина: 3,200 м

Максимален долет: 615 км

Опрема стандарна комуникациска и навигациска

Хеликоптерот Bell/UH-1 е прв хеликоптер од славната Huey (што во превод значи брз) фамилија хеликоптери што се користени одстрана на САД во Виетнамската војна. Првиот лет хеликоптерот го има направено во 1956 година и оттогаш до доцните шеесетти години се направени неколку илјади хеликоптери. Вкупно за потребите на американските вооружени сили се изработени околу 2,500 хеликоптери од овој модел.

Варијанти[уреди | уреди извор]

  • XH-40 - прототип што полетал на 20.10.1956 година
  • HU-1A - иницијална производна верзија за армијата на САД со турбомлазен мотор Lycoming XT53-L-1, со сила од 825 кс и со капацитет од шест седишта. Хеликоптерот го добива прекарот Huey.
  • HU-1B - верзија со зголемен капацитет од седум седишта и со променети кракови од носечкиот мотор.
  • UH-1A - преименуван од HU-1A во 1962 година.
  • UH-1B - преименуван од HU-1B во 1962 година.
  • UH-1C - подобрена верзија од UH-1B, со турбомлазен мотор T53-L-11.
  • UH-1E - верзија за маринци, со дигалка и двоцевен митралез 7,62 мм.
  • TH-1E - двојно командувачки, за тренажа во Маринскиот корпус.
  • UH-1F - верзија за ВВ на САД, со саќести лансери и турбомлазен мотор General Electric T-58-GE-3, со сила од 1,290 кс
  • TH-1F - верзија за тренажа развиена од UH-1F
  • HH-1K - верзија за Морнарицата на САД, со турбомлазен мотор T53-L-13
  • UH-1L - повеќенаменска верзија за Морнарицата на САД, со турбомлазен мотор T53-L-13
  • TH-1l - тренажна верзија со турбомлазен мотор T53-L-13
  • UH-1M - армиска верзија, со сензор за ноќно летање
  • AB-204 - италјанска лиценцирана верзија, со избор на мовеќе мотори, вклучувајќи ги тука T53-GE-3, со сила од 1,290 кс, потоа Textron Lycoming T53-L-11 или Rolls-Royce Gnome H.1200, со сила од 1,250 кс
  • Hkp 3B - шведска ознака за АВ 205
  • AB 204AS - италјанска лиценцирана морнаричка верзија, со турбомлазен мотор Т53-GE-3, со сила од 1,290 кс
  • Fuji-Bell 204B-2 - јапонска лиценцирана верзија, исто така поцнат како Hi'yodori
  • Huey Tug - UH-1C, со посилен мотор
  • RH-2 - верзија за истражување

Вооружување[уреди | уреди извор]

Митралези на страничните врати или под трупот, како што се: М60 со калибар 7,62 мм или Browing со 12,7 мм, наведувани ракети во саќести лансери, фрлачки на гранати од 40 мм, Mk44 торпедо.

Галерија[уреди | уреди извор]