Bell 205/UH-1H Huey II

Од Википедија — слободната енциклопедија
Bell 205/UH-1H Huey II
Германски Bell UH-1D
 
Цело име Bell 205/UH-1H Huey II
Тип повеќенаменски хеликоптер
Класа лесен
Сместување два пилоти и осум војници со опрема
Земја на потекло САД
Производител Bell Helicopter Textron (САД)
Земји корисници Колумбија, САД, Филипини, а во иднина можно и Македонија
Намена за поддршка на армиски сили
Мотори еден турбомлазен мотор T53-L-703, со сила од 1,800 кс
Димензии Должина: 17,40 м

Височина: 3,94 м

Пречник на HP: 14,70 м

Маса Празен: 2,468 кг

Корисна: 2,294 кг

Максимална: 4,762 кг

Перформанси Максимална брзина: 222 км/ч

Крстосувачка брзина: 196 км/ч

Макс. V во кач.: 534 м/мин

Максимална височина: 5,110 м

Максимален долет: 673 км

Траење на летот: 2 ч

Опрема стандарна комуникациска и навигациска

Поради зголемени потреби за таков хеликоптер во светот, компанијата Bell Helicopter Textron ја започнала модернизацијата на својот докажан хеликоптер UH-1H. Дизајнирањето и тестирањето на хеликоптерот се извршени од 1991 до 1996 година. Крајниот резултат на модернизацијата бил хеликоптерот со зголемени перформанси и сигурност, а воедно намалени оперативните трошоци кај хеликотперот, односно хеликоптер кој може да ги задоволи барањата на воените организации за 21 век. Испораката на првиот хеликоптер била во 1998 година и досега се испорачани над 35 хеликоптери во Колумбија и на Филипините. Се прават обиди хеликоптерот да се набави и за потребите на македонските безбедносни сили.