Во Скопје почна дводневна Прва земска конференција на ветеринарните лекари во Македонија. Притоа беа формирани првите ветеринарни станици, а со тоа беа удрени темелите на ветеринарната служба во Македонија.
Во Велес без јавно судење, биле стрелани 53 затвореници од велешкиот затвор, лица за кои имало сомневање дека биле озлогласени противници на НОБ. Без заокружена истражна постапка и без јавно судење, биле групно стрелани и масакрирани, а потоа и закопани во заедничка гробница која била откриена по педесет години. Ова преставува најголем масакр врз цивили извршен од ОЗНА во ослободена Македонија.
Арбитражната комисија на Европската заедница, на чело со претседателот, господин Бадинтер (Бадинтерова комисија), соопшти во својот извештај дека се исполнети сите услови за меѓународно признавање на Македонија.