Прејди на содржината

„Братство“ (весник)

Од Википедија — слободната енциклопедија

„Братство“ ― орган на Првата македонско-косовска ударна бригада.[1]

Почнал да излегува на 1 декември 1943 година ѝ бил уредуван од Агитационо-пропагандната комисија при Штабот на бригадата. Бил умножуван на циклостил, на 10 до 16 страници во голем формат. Бил умножуван во тираж од 150-200 примероци.[1]

Статиите и дописите биле печатени на македонски и српски јазик. Имал постоајни рубрики од животот и борбите на бригадата, младинска рубрика, ликови на паднати борци, соопштенија и наредби на Штабот на бригадата и слично. По разделувањето на бригадата на две бригади и по оформувањето на Првата македонска ударна бригада и Првата косовско-метохиска ударна бригада, весникот „Братство“, станал орган на Првата косовско-метохиска ударна бригада.[1]

  1. 1,0 1,1 1,2 Киселиновски, д-р Стојан; и др. (2000). Македонски историски речник. Скопје: ИНИ. стр. 88. ISBN 9989-624-46-1.