Прва косовско-метохиска ударна бригада

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Прва косовско-метохиска ударна бригада
Prva kosovsko-metohijska brigada, Zbaždi 1944.jpg
Формирањето на косовско-метохиската ударна бригада
Активна24 јуни 1944
ЗемјаМакедонија, а подоцна и Косово и Метохија
Видбригада
Големина260 борци
БиткиЗавршни операции за ослободување на Македонија
Команданти
Истакнати
команданти
Петар Брајовиќ - Ѓуро, Зуфер Мусиќ

Прва косовско-метохиска ударна бригада — бригада на НОБ во Македонија, а подоцна и со дејствија во Косово и Метохија. Бригата е основана на 24 јуни 1944 година во селот Збажди, Струшко.[1]

Основање[уреди | уреди извор]

Оваа бригада е основана како директен резултат на обидите за реорганизација на македонските воени единици на НОБ. Бригата е основана по директна наредба на Светозар Вукмановиќ - Темпо. Бригадата е основана во село Збажди, Струшко. До 8 јули оваа бригада броела 260 борци.[1]

Структура[уреди | уреди извор]

Во составот на бригадата влегле Првиот и Вториот косовско-метохиски баталјон, една словенечка чета и околу 50 црвеноармејци од составот на Првата македонско-косовска ударна бригада. Бригата била под директна команда на Генералштабот на НОВ.[1]

Од 24 јуни 1944 командант на бригадата бил Петар Брајовиќ - Ѓуро, а од 16 септември командант бил Зуфер Мусиќ, кој пак бил заменик-командант од 24 јуни 1944 до негото поставување на командант.[1]

Политички комесар на бригадата бил Митар Радусиновиќ, кој бил назначен на таа функција на 24 јуни, а негов заменик бил Савка Ковачевиќ. Началник на штабот бил Павле Брајовиќ, а член на штабот бил Вуко Турковиќ.[1]

Дејствија[уреди | уреди извор]

Првично бригадата била под директна команда на ГШ на НОВ, а подоцна била под команда на Покраинскиот штаб на Косово и Метохија. На крај била под команда на 52 дивизија на НОВЈ.[1]

Бригадата учествувала во борбите за Дебар на 9 јули 1944, борбите за Пешкопеја во Албанија на 9 август, Македонски Брод на 6 септември, борбите за ослободување на Косово и Метохија. На 3 октомври 1944 била ставена под команда на покраинскиот штаб на Космет.[1]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 1,4 1,5 1,6 д-р Марјан Димитријевски „Македонската војска 1944-1945“, Скопје, ИНИ, 1999 г., стр. ​82-84

Поврзано[уреди | уреди извор]