Шумски синец

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Шумски синец
Mazarine blue (Polyommatus semiargus) male.jpg
Мажјак
Научна класификација
Царство: Animalia
Колено: Arthropoda
Класа: Insecta
Ред: Lepidoptera
Семејство: Lycaenidae
Род: Cyaniris
Вид: C. semiargus
Биномен назив
Cyaniris semiargus
(Rottemburg, 1775)
Синоними
  • Papilio semiargus Rottemburg, 1775
  • Lycaena semiargus (Rottemburg, 1775)
  • Polyommatus semiargus (Rottemburg, 1775)
  • Papilio acis Denis & Schiffermüller, 1775 (preocc. Drury, 1773)
  • Cyaniris argianus Dalman, 1816

Шумски синец (Cyaniris semiargus) е пеперуга од семејството на пеперуги синци, од видот синци. Пеперугата ја има и во Македонија.

Подвидови[уреди | уреди извор]

Подвидови на пеперугата се:[1]

  • Cyaniris semiargus semiargus - Евроазија
  • Cyaniris semiargus altaiana (Tutt, 1909) - Тијан-Шан, Алтај, Сајан
  • Cyaniris semiargus amurensis (Tutt, 1909) - Амур, Јапонија
  • Cyaniris semiargus atra (Grum-Grshimailo, 1885) - Алтај
  • Cyaniris semiargus jiadengyunus (Huang & Murayama, 1992)- Алтај
  • Cyaniris semiargus maroccana (Lucas, 1920 - Мароко
  • Cyaniris semiargus tartessus (Gil-T. & Huertas, 2007) - Шпанија
  • Cyaniris semiargus transiens Melcon, 1910 - Шпанија
  • Cyaniris semiargus uralensis (Tutt, 1909) - Урал

Распространетост[уреди | уреди извор]

Пеперугата живее во скоро цела Европа,[2] па сè до Мароко, Арктикот,[1] Блискиот Исток[3] [4] и Сибир.

Живеалиште[уреди | уреди извор]

Овој вид живее во ливади, пасишта, тревни површини и полиња кои имаат цвеќиња. Живее до 2200 надморска височина. Претпочита места кои не се наѓубрени.[5]

Опис[уреди | уреди извор]

Распонот на крилјата кај двата пола е сличен,[6] од 32 до 38 мм.[7][5]

Овие пеперуги имаат полов диморфизам. Мажјаците имаат крилја во темносина боја и со поголем дијаметар од женките. Горната страна на пеперугата има црна бордура и бели краеви.[8] Женките се кафеави. Долната страна е сивкаста.[8]

Двата пола немаат портокалови дамки и имаат темновиолетово или кафено тело.[9]

Биологија[уреди | уреди извор]

Оваа пеперуга има една генерација годишно. Презимува како млада ларва. Возрасните единки летаат од мај до август.[5] Гасениците воглавно се хранат со растението Trifolium pratense, но и Trifolium medium, Trifolium spadiceum, Vicia cracca, Anthyllis, Genista и Melilotus.[1][10]

Галерија[уреди | уреди извор]

Литература[уреди | уреди извор]

  • D.J. Carter (ill. B. Hargreaves), Guide des chenilles d'Europe, Delachaux et Niestlé, coll. «Les guides du naturaliste », 2001, 311 p. (ISBN 2-603-00639-8)
  • Gil-T., F. & M. Huertas (2007): Description of Cyaniris semiargus tartessus subspec. nov. from the National Park of Doñana (SW. Spain) (Lepidoptera, Lycaenidae). ISSN 0171-0079 | Atalanta, 38(1/2): 185–188. Full article: [1].
  • Haworth (1803) Haworth, A.H. (1803) Lepidoptera Britannica.
  • Leach (1815) Leach (1815) In Brewster: The Edinburgh Encyclopædia.
  • Lewin (1795) Lewin, W. (1795) The Papilios of Great Britain.
  • Swainson (1827) Swainson, W. (1827) A Sketch of the Natural Affinities of the Lepidoptera Diurna of Latreille. The Philosophical magazine : or Annals of chemistry, mathematics, astronomy, natural history and general science.
  • Tolman T., Lewington R. Collins Field Guide Butterflies of Britain & Europe — London : Harper Collins Publishers, 1997.— 320 p., 106 col. Pl
  • Tom Tolman et Richard Lewington, Guide des papillons d'Europe et d'Afrique du Nord, Delachaux et Niestlé, 2010 (ISBN 978-2-603-01649-7)

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 1,2 Funet
  2. Fauna europaea
  3. Во Сирија на пример, Graves, Philip P. (1905). "Notes on Egyptian and Syrian butterflies". The Entomologist's Record and Journal of Variation. 19.
  4. "Specimens: Cyaniris semiargus". www.theinsectcollector.com. Посетено на 2010-07-03. Locality: Morocco Sub Species: maroccana
  5. 5,0 5,1 5,2 Simon Coombes Captain's European Butterfly Guide
  6. "UK Butterflies - Mazarine Blue - Cyaniris semiargus". Посетено на 2010-07-03.
  7. "Cockayne Collection". Natural History Museum. Посетено на 2010-07-03.
  8. 8,0 8,1 Matt Rowlings Euro Butterflies
  9. "Mazarine Blue (Polyommatus semiargus) - Lycaenidae - Lepidoptera - Insecta - Wildaboutdenmark.com". www.fugleognatur.dk. Посетено на 2010-07-03.
  10. Paolo Mazzei, Daniel Morel, Raniero Panfili Moths and Butterflies of Europe and North Africa