Училиштен штрајк за климатските промени

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Училиштниот штрајк за климата (шведски: Skolstrejk för klimatet), познат и како Петоци за иднината, Младите за клима, Климатскиот штрајк или Младински штрајк за климата — меѓународно движење на учениците од училиштата кои си одат од часовите во петок за да учествуваат во демонстрации за да бараат акција од политичките лидери да преземат активности за да ги спречат климатските промени и индустријата за фосилни горива да премине во обновлива енергија .

Публицитетот и распространетото организирање започна откако шведската ученичка Грета Тунберг организирала протест во август 2018 година пред шведскиот Риксдаг (парламент), држејќи знак на кој пишуваше „Skolstrejk för klimatet“ (" Училишен штрајк за климата ").[1] [2]

Глобалниот штрајк на 15 март 2019 година собрал повеќе од еден милион штрајкувачи. Околу 2200 штрајкови биле организирани во 125 земји.[3][4][5] На 24 мај 2019 година се случил вториот глобален штрајк, на кој 1600 настани од 150 земји привлекле стотици илјади демонстранти. Настаните биле темпирани да се совпаднат со изборите за Европски парламент во 2019 година.[6][7][8] [9]

Глобалната недела за иднината во 2019 година била серија од 4500 штрајкови низ над 150 земји, фокусирани околу петок 20 септември и петок 27 септември. Најверојатно најголемите климатски штрајкови во светската историја, на 20 септември собрале приближно 4 милиони демонстранти, од кои голем број ученици, меѓу кои и 1,4 милиони луѓе штрајкувале во Германија. [10] На 27 септември, околу 2 милиони луѓе учествувале на демонстрации низ целиот свет, вклучувајќи и над 1 милион демонстранти во Италија и неколку стотици илјади демонстранти во Канада.[11][12][13]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. "The Swedish 15-year-old who's cutting class to fight the climate crisis". The Guardian. Лондон, Обединетото Кралство. 1 септември 2018. Посетено на 7 февруари 2020.
  2. "The youth have seen enough". Greenpeace International. 4 јануари 2019. Посетено на 7 февруари 2020.
  3. "School climate strikes: 1.4 million people took part, say campaigners". 19 март 2019. Посетено на 7 февруари 2020.
  4. "Climate strikes held around the world – as it happened". The Guardian. 15 март 2019. ISSN 0261-3077. Архивирано од изворникот на 16 March 2019. Посетено на 7 февруари 2020.
  5. "Photos: kids in 123 countries went on strike to protect the climate". 15 март 2019. Посетено на 7 февруари 2020.
  6. "Students walk out in global climate strike". BBC. 24 May 2019. Архивирано од изворникот на 24 мај 2019. Посетено на 7 февруари 2020.
  7. "'We're one, we're back': Pupils renew world climate action strike". Ал Џазира. 24 мај 2019. Архивирано од изворникот на 24 мај 2019. Посетено на 7 февруари 2020.
  8. Геретсен, Изабел (24 мај 2019). "Global Climate Strike: Record number of students walk out". CNN. Архивирано од изворникот на 20 септември 2019. Посетено на 7 февруари 2020.
  9. "Students From 1,600 Cities Just Walked Out of School to Protest Climate Change. It Could Be Greta Thunberg's Biggest Strike Yet". Time (магазин). 24 May 2019. Архивирано од изворникот на 26 мај 2019. Посетено на 7 февруари 2020.
  10. Largest climate strike:
  11. Тејлор, Метју; Вотс, Џонатан; Бартлет, Џон (27 септември 2019). "Climate crisis: 6 million people join latest wave of global protests". The Guardian. Посетено на 7 февруари 2020.
  12. "Fridays for future, al via i cortei in 180 città italiane: "Siamo più di un milione"" [Fridays for future, kids in the streets in 180 Italian cities: "We're more than a million"]. la Repubblica. 27 септември 2019. Посетено на 7 февруари 2020.
  13. Марфи, Џесика (27 септември 2019). "Hundreds of thousands join Canada climate strikes". BBC. Посетено на 7 февруари 2020.