Шеик Едебали

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Шеик Едебали (1258-1326) бил влијателен турски шеик во времето на почетоците на Османлиската Империја[1]. Тој бил пријател со Ертугрул Гази кој често го посетувал и од него земал благослов. Според легендата една ноќ кога останал гостин во куќата на Едебали, малиот принц Осман доживеал моменти исполнети со емоции од задоволството на седенката која му пружила смиреност на душата.

Бидејќи на ѕидот на собата во која требало да ја преспие ноќта се наоѓал закачен еден текст од Куранот, тој не сакал да ги испружи нозете па седнат со собрани нозе ја преспал ноќта. Таа ноќ насон видел како едниот крај на месечината излегувал од градите на Шеик Едебали и се повеќе имал форма на Млада Месечина. Тоа влегло во неговите гради, и како фиданка на даб израснала помеѓу него и шеикот по кое се претворило во раскошно дрво на даб, чии гранки се рашириле врз три континенти прекривајќи со нивната сенка многу народи. Во тие земји се слушал мухамедовиот езан, а славеите го пееле Куранот. Секоја видлива страна на небото се претворила во градина со рози. Восхитувајќи и се на таа глетка, насон Осман забележал една срна и во тој момент кога ја нанишанил со својата стрела и кога срната се обидувала да избега на запад, тој се разбудил.

Легендата продолжува со раскажувањето на сонот на принцот Осман пред шеикот, кој на Осман му кажал:

Сине, невиденото само Аллах го знае! Но, во сонот што го виде има многу добрини и корист. Аллах ќе ви овозможи тебе и на твојата генерација да царувате. Светот ќе влезе под заштита на твоите синови. Tи ќе се ожениш со една од моите ќерки. Оние кои ќе се родат од овој брак ќе се постават на челото на една голема држава која ти ќе ја засноваш, и таа постојано ќе се зголемува. Оваа држава ќе се прошири кон Западот...

Едебали често разговараl со неговиот близок пријател Ертугрул Гази за исламот и состојбата на муслиманите во Анадолија. Неколку пати Осман бил на гости кај него станувајќи му ментор и на крајот подарувајќи му меч[2].

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. The Ottoman Empire, by Halil Inalcik, p. 55.
  2. The Last Great Muslim Empires, by H. J. Kissling, Bertold Spuler, N. Barbour, F. R. C. Bagley, J. S. Trimingham, H. Braun, H. Hartel, p. 2.

Поврзано[уреди | уреди извор]