Човек зајак
Човек-зајак (англиски: Bunny Man) — урбана легенда која настанала во 1970 поради два инциденти во округот Ферфакс во сојузната држава Вирџинија, но проширена и на подрачјето на Вашингтон.[1] Постојат повеќе верзии на оваа легенда, но во повеќето се вели дека тоа е човек кој носи костим на зајак и напаѓа луѓе со секира. Во некои гласини се споменува дека секоја година за време на „Ноќ на вештерките" духот на човекот-зајак се појавува по повод одбележување на неговата смрт, тогаш наводно се појавува неформиран труп. Постои и мост кој е наречен по него.[2] Полицијата отворила истрага за двата инцидента, но и двата на крајот се затворени поради недостаток на докази. Во неделите после инцидентот, повеќе од 50 луѓе ја контактирале полицијата тврдејќи дека виделе човек-зајак.[3]
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „The Bunny Man Unmasked - Page 4 - Fairfax County, Virginia“. Архивирано од изворникот на 5 јуни 2017. Посетено на 2 мај 2014.
- ↑ Legend Lives on at Bunnyman Bridge
- ↑ „The Bunny Man Unmasked - Page 3 - Fairfax County, Virginia“. Архивирано од изворникот на 24 август 2016. Посетено на 2 мај 2014.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Приказните за „човекот-зајак“
- Човекот-зајак од Клифтон
- Мостот „човек-зајак“ во Клифтон, Вирџинија Архивирано на 3 мај 2014 г.
- Public Safety Information at Мост „Човек-зајак“ Архивирано на 5 јули 2018 г.
| Оваа статија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |