Човекот од дабовата шума
Изглед
„Човекот од дабовата шума“ (српски: Човек из храстове шуме) — српски и југословенски филм од 1964 година, режиран од Миодраг Поповиќ. Главните улоги ги играат: Мија Алексиќ, Предраг Ќерамилац, Ксенија Цониќ и Тамара Милетиќ.[1]
Синопсис
[уреди | уреди извор]Дејствието на филмот се одвива за време на Втората светска војна. Максим — некогашниот слуга, а сега осамен овчар во планината, сее страв во неколку планински села така што извршува низа убиства. Максим се заљубува во една жена која се занимава со трговија на црно во градот, а всушност работи за партизаните. Тој помислува дека жената сака злато, па затоа почнува да убива уште повеќе со намера да дојде до пари. Така, тој станува мета и на партизаните и на четниците, кои настојуваат да го убијат.