Чинели
Изглед
сплеш (splash) чинела Zildjian | |
Класификација | |
---|---|
Скала | |
не произведува артикулирани тонови | |
Сродни инструменти | |
Чинели — ударни музички инструменти од групата идиофони. Имаат облик на чинија, низ чија средина е провлечена кожа заради полесно држење [1].
Се користат во пар, а најчесто се изработуваат од бронза. Звукот се добива на два начина:
- 1. со удирање една од друга
- 2. со удирање со педал, кога стојат на статив
Чинелите се користат во сите оркестри, како придружни инструменти, а поретко како солистички инструменти.
Видови
[уреди | уреди извор]- Парни чинели (Clash cymbals)
- Висечки чинели (Suspended cymbal)
- Рајд (Ride cymbal)
- Креш (Crash cymbal)
- Хај-Хет (Hi-hat cymbal)
- Сплеш (Splash cymbal)
- Кинески (China cymbal)
- Црцоречки (Sizzle cymbal)
- Чинели за на прсти (Finger cymbals)
Генерално, чинелите се со пречник од 14" (инчи) (35,5 см), многу често со 12", 13" или 15". Сплеш чинелите се со пречник од 8" - 13", креш чинелите 14" - 20" и рајд чинелите 20" - 24".