Четрсе

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Четрсе
Isarot-Štip 23.JPG
Исарот
Доменипразничен настан
Поврзница00734
ОбластЕвропа и Северна Америка
Историја на впишувањето
Впишување2013 (8 сесија)
Unesco Cultural Heritage logo.svg

Четрсе – уникатен и вековен обичај во Штип, кој се практикува на верскиот празник „Свети 40 маченици“ на 22 март.[1] Впишан во списокот на нематеријално културно наследство на човештвото во 2013 година. [2]

Учесниците се собираат на улиците и плоштадите во Штип, а потоа се искачуваат на стрмниот Исар. Попатно застануваат во црквата за да им одадат почести на Светите четириесет маченици. При искачувањето, според традицијата, учесниците треба да се поздрават со најмалку 40 луѓе. Младите собираат и 40 камчиња, 39 ги фрлаат во Брегалница, а едно оставаат под перница зашто, според верувањето, ќе го сонат животниот сопатник. Во текот на целиот ден во овој дел на градот свират музички групи кои потоа свират на бродот сè до ноќта.

Празникот се пренесува од родителите кои ги водат децата, или постари роднини и пријатели кои ѝ ја пренесуваат традицијата на помладата генерација. Овој пролетен настан бара несебична соработка на многу луѓе од сите возрасни групи, социјални класи и потекло, со што се промовира и поттикнува заедништво и солидарност. Празникот е исто така начин за зближување на различните верски и етнички групи што живеат во Штип, со што се овековечува чувството за припадност на градот и неговите традиции.[2].

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Обичајот „Четрсе“ на листата на УНЕСКО на семрежното место на Општина Штип
  2. 2,0 2,1 Feast of the Holy Forty Martyrs in Štip на семрежното место на УНЕСКО (англиски) Пристапено на 11.03.2020

Надворешни врски[уреди | уреди извор]