Прејди на содржината

Чемрен

Од Википедија — слободната енциклопедија

Чемрен бил средновековен град/тврдина кај влезот на Црна Река во Мариово. Единствените изворни вести се зачувани кај биографот на Стефан Душан, кој вели дека градот Чемрен потпаднал под српска власт истовремено со српското освојување на градовите Охрид и Прилеп, при Душановиот воен налет на југ во 1334 година.[1]

  1. Т. Томоски, Македонија низ вековите. Градови, тврдини, комуникации, Скопје, 1999.