Чавоглаве
Чавоглаве | |
---|---|
Село | |
Црква на хрватските маченици во Чавоглаве | |
Координати: 43°47′01″N 16°20′14″E / 43.78361° СГШ; 16.33722° ИГД | |
Држава | Хрватска |
Жупанија | Шибенско-книнска жупанија |
Општина | Ружиќ |
Надм. вис. | 420 м |
Население (2001) | |
• Вкупно | 199 |
Час. појас | СЕТ (UTC+1) |
• Лето (ЛСВ) | CEST (UTC+2) |
Чавоглаве (хрватски: Čavoglave) — село во Хрватска, во склоп на општината Ружиќ во Шибенско-книнската жупанија.
Според пописот од 2001, во Чавоглаве живеат 199 жители[1]
Географија
[уреди | уреди извор]Чавоглаве се наоѓа на надморска височина од 420 метри, помеѓу планините Свилаја и Мосеќ, покрај изворот на реката Чикола.
На југот од селото поминува регионалниот пат D56, во пределот помеѓу Дрниш и Муќ, а од другата страна на патот се наоѓа селото Кљаке.
Историја
[уреди | уреди извор]За време на хрватската војна за независност селото се наоѓало на самото боиште, но никогаш не било окупирано. Голем број од населението учествувало во борбите против припадниците на Српска Краина, а селото станало познато по песната „Bojna Čavoglave“ („Војна за Чавоглаве“) од страна на пејачот и жител на селото Марко Перковиќ.
Секоја година на 5 август во селото се одржува еден од најпознатите хрватски фестивали „Прослава на денот на победата и благодарност на татковината кон жителите на Чавоглаве“ (хрватски: Proslava Dana pobjede i domovinske zahvalnosti u Čavoglavama).[2]
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Population by sex and age, by settlements, census 2001 (Ružić)“. Republic of Croatia Bureau of Statistics. Посетено на 7 January 2009.
- ↑ Sto tisuća ljudi s Thompsonom u Čavoglavama na pučkoj proslavi (FOTOGALERIJA)
„Чавоглаве“ на Ризницата ? |