Свилаја

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Поглед од врвот Троглав.

Свилаја е планина во Загора, паралелна со повисокиот северен планински венец Динара-Троглав. Се простира во правец северозапад кон југоисток помеѓу Сињско поле и Петрово поле, во должина од околу 30 км.

Највисокиот врв е јужниот врв на Свилаја (Бат), 1508 метри над Сињ. Посеверно се наоѓаат поважните врвови Јанчак, 1483 метри, Кита, 1413 метри, Турјача, 1340 метри, Мала Свилаја, 1472 метри, и Лисина, 1301 метри над Врлика. Од најблискиот `рт Велики Козјак (1207 метри), кој е северен продолжеток на Свилаја, таа е одвоена со пониското планинско седло Лемеш (860 метри) над селото Маовице. Најголемиот дел од планинскиот венец се состои од варовнички гребени со наизменично менување на врвови и вртачи, варовнички јами и пештери

Североисточните падини кои се над реката Цетина се пострмни и главно обраснати со букови шуми и балкански јавор (Acer obtusatum), кои, неодамна, делумно беа уништени од шумски пожари. Сувите и позарамнети  југозападни падини спрема Дрниш се мозаично покриени со нискостеблести шуми на црниот габер (Ostrya carpinifolia) и со ниски, каменести тревници, кои се користат како пасишта.

Свилаја спаѓа во малку познати хрватски области, попознат е само нејзиниот повисок најјужен дел до главниот врв. Останатиот, поголем дел на средна и северна Свилаја, е скоро непознат за планинарите и истражувачите, освен за локалните овчари од околните места.

Дел од средна Свилаја, помеѓу Врлика и Сивериќ, сѐ уште е миниран, додека искачувањето до главниот врв од јужната насока од Сињскиот Зелов е сосема безбеден. Југоисточно од главниот врв покрај Орловате карпи (1139 m) е изграден планинарски дом Орлови карпи.[1][2] Кога е основано Планинарското друштво "Зољ" од Врлика, на 2 септември 2010 година, отворен е и нов планинарски дом во врличкиот дел на Свилаја, на 1119 метри надморска височина.[3]

На падините околу Свилаја се наоѓа археолошки значаен низ на стари илирски градини, па затоа некои од локалните средно големи врвови се наречени Градина, Полача и слично.

Името Свилаја е исто така име на една од самовилите од романот "Планини" на Петар Зораниќ.

На свилајскиот Вели врв се случила една од најголемите борби во тек на Хрватската војна за независност.[4]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Staza - PD Orlove Stine-Šumski Put-Vrh Svilaja - planinarenje.hr
  2. Planinarsko društvo Sveti Jure – Solin: Svilaja
  3. Otvorena nova planinarska kuća "Sveti Jure" na Svilaji
  4. Toni Paštar: [Najveća pješačka bitka Domovinskog rata u Cetinskoj krajini: 'Veli vrh je ponos vrličkih branitelja], Slobodna Dalmacija, 9. lipnja 2014. Pristupljeno 15. lipnja 2017.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]