Цутухилци
Вкупен број | |
---|---|
78,498[1] | |
Подрачја со значајно население | |
Гватемала | [2] |
Јазици | |
цутухилски | |
Сродни народи | |
Киче, Какчикел |
Цутихилците (Сутухилци) се домородни Американци, едни од 21-те мајански народи што живеат во Гватемала. Заедно со Шинците, Гарифунците (Црните карибци) и Ладинонците, тие ги сочинуваат 24 етнички групи во оваа релативно мала земја. Околу 100,000 Цутихилци живеат во околината на Езерото Атитлин. Нивниот пред-колумбиски главен град, во близина на Сантјаго Атитлин, бил Чуитинамит Во пред-колумбиското време, цутихилската нација била дел од древната мајанска цивилизација.
Цутихилците се познати по постојаното придржување кон традиционалните културни и религиозни обреди. Меѓу нив се практикуваат и евангелски протестантство и римокатолицизам. Тие зборуваат цутихилскиот јазик, член на мајанското јазично семејство.
Историја и демографија
[уреди | уреди извор]Цутихилците датираат од после класичниот период (околу 900-1500) на мајанската цивилизација, населувајќи го јужниот слив на езерото Атитлин, во регионот Солола на горите на Гватемала.
Денес тие живеат во градовите Сан Хуан Ла Лагуна, Сан Пабло Ла Лагуна, Сан Маркос Ла Лагуна, Сан Педро Ла Лагуна, Сантјаго Атитлан, Панабах, Цанчах (се верува дека била инспирација, заради сличен звук, за името „Сантјаго“), а многу малку во Сан Лукас Толиман, иако порано живееле во многу поширок регион. Во 1523 година шпанскиот конквистадор Педро де Алварадо, со помош на Какчикелански Мајанец, ги победил во битка близу градот Панахачел во која тие изгубиле дел од своите земји, и контролата врз езерото.
Во 2005 година, неколку стотици Цутухилци починале во лизгање на земјиштето предизвикано од ураганот Стан. Од Панабах и Цанчах спасувачите откриле 160 тела, додека 250 останале како исчезнати од двата града.
Економија
[уреди | уреди извор]Иако туризмот сега е растечки извор на приход, многумина сè уште вршат традиционални методи на одгледување на двете главни култури во регионот, кафе и пченка. Туризмот добива корист најзначително од работата на даревити уметници и ткајачи кои се трудат да добијат признание за креативноста и уникатноста што ја нудат. Сан Хуан е една од трите цутухилски заедници каде уметниците се прилагодиле на меѓународниот жанр Арте Наиф, за да ги изразат културните традиции, верувања, церемонии и дневни активности на нивната посебна култура. Овој облик на уметност и нејзините најголеми постигнувања на цутухилските изведувачи биле признаени во трајната книга спонзорирана од УНЕСКО на темата, Арте Наиф: Современи гватемалско мајански слики, 1998. Tкајачите од Сан Хуан се едни од многу малкуте домородни занаетчии кои произведуваат свои бои за конците што ги користат; тие ги произведуваат бои најмногу од растенијата што растат во близината.
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Според официјалниот попис од 2002: „XI Censo Nacional de Población y VI de Habitación (Censo 2002) - Pertenencia de grupo étnico“. Instituto Nacional de Estadísticas. 2002. Архивирано од изворникот на 2011-02-22. Посетено на 2008-05-27. Забележете дека Летниот институ на јазичари (SIL) покажува повисока бројка [1]
- ↑ Извештај од Ethnologue за Гватемала
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Мрежно место на Сантјаго Атитлан
- Chuitinamit Историја и опис
- Домородни луѓе во Гватемала Фото галерија Архивирано на 6 февруари 2014 г.
- Блог на антропологот за учење цутухилски во Сан Педро Ла Лагуна
- Речник и основни фрази помеѓу Цузуџил, шпански и англиски јазик
- Видео на кое се прикажува Цатухилка која раскажува приказни за локалната историја Архивирано на 11 јануари 2014 г.