Црква „Успение на Пресвета Богородица“ - Сал Ага
Изглед
| Успение на Пресвета Богородица | |
|---|---|
| Κοιμήσεως της Θεοτόκου | |
![]() | |
| 41°3′36.6″N 23°36′20.2″E / 41.060167°N 23.605611°E | |
| Место | Сал Ага, Серско |
| Земја | Егејска Македонија, Грција |
| Вероисповед | Цариградска патријаршија |
| Архитектура | |
| Архит. тип | трикорабна куполна базилика |
| Завршена | 1985 |
| Управа | |
| Архијерејско намесништво | Серско |
| Епархија | Серско-нигритска |
Успение на Пресвета Богородица (грчки: Ιερός Ναός Κοιμήσεως της Θεοτόκου) — црква во селото Сал Ага, Серско, Егејска Македонија. Влегува во состав на Серско-нигритската епархија на Цариградската патријаршија. Има улога на парохиски храм.[1]
Историја
[уреди | уреди извор]Црквата се наоѓа во центарот на селото. Изградена е во 1985 г. и осветена на 14 мај 2006 г. од митрополитот Теолог Серско-нигритски. Градбата претставува трикорабна базилика со купола.
Во парохијата влегуваат и црквите „Успение на пресв. Богородица“ и „Св. Спиридон“.[1]
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- 1 2 „Ιερός Ναός Κοιμήσεως της Θεοτόκου“. Ιερά Μητρόπολη Σερρών και Νιγρίτης. Посетено на 16 октомври 2019.
