Црква „Успение на Пресвета Богородица“ - Дервешани

Координати: 41°6′22.1″N 23°37′18.7″E / 41.106139° СГШ; 23.621861° ИГД / 41.106139; 23.621861
Од Википедија — слободната енциклопедија
Успение на Пресвета Богородица
Κοιμήσεως της Θεοτόκου
Карпестата фреска на Богородица
Карта
41°6′22.1″N 23°37′18.7″E / 41.106139° СГШ; 23.621861° ИГД / 41.106139; 23.621861
МестоДервешани, Серско
ЗемјаЕгејска Македонија, Грција
ВероисповедЦариградска патријаршија
Управа
Архијерејско намесништвоСерско
ЕпархијаСерско-нигритска

Успение на Пресвета Богородица (грчки: Ιερός Ναός Κοιμήσεως της Θεοτόκου) — црква кај селото Дервешани, Серско, Егејска Македонија. Влегува во состав на Серско-нигритската епархија на Цариградската патријаршија.[1]

Црквата се наоѓа на 1,5 км северно од Дервешани, во поднижјето на ридот Власелник на месноста Пројавена (Фанеромени). На јужната вертикална страна на ридот во црковниот двор има средновековна фреска насликана на висина од 5,5 м на карпата. На неа е претставена Богородица со Младенецот. На фреската е напишана годината 6890 од создавањето на светот (1382 од Христа). Во подножјето на живописот има лековит извор.[1][2]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 „Ὁ Ἱερός Ναός τῶν Ἁγίων Ἀναργύρων“. Ιερά Μητρόπολη Σερρών και Νιγρίτης. Посетено на 16 октомври 2019.
  2. Σαμσάρης, Π. Κ. „Βυζαντινά μνημεία των περιχώρων των Σερρών“. Δημόσια Κεντρική Βιβλιοθήκη Σερρών. Посетено на 16 октомври 2019.