Црква „Св. Тодор“ - Берово

Координати: 41°42′46″N 22°51′17″E / 41.71278° СГШ; 22.85472° ИГД / 41.71278; 22.85472
Од Википедија — слободната енциклопедија
Свети. Тодор
македонска православна црква
Епархија Струмичка
Архијерејско намесништво Беровско
Местоположба

Карта

Место Берово
Општина Берово
Држава Македонија
Општи податоци
Покровител Свети Тодор
Архитектонски опис

Свети Тодорправославен христијански храм кој се наоѓа во градот Берово.[1] Се наоѓа во сосема крајниот северен дел на градот, кај градските гробишта.

Легенди за изградбата[уреди | уреди извор]

Според првата легенда дека некој човек, работејќи земјоделски работи на местото каде е сега црквата, ископал една икона со ликот на Свети Тодор. Веста за тоа бргу се проширила и луѓето се здружиле и решиле на тоа место да изградат црква.

Втората легенда зборува дека некоја жена од Пехчево која била тешко болна, на сон и се претскажало дека на местото кајшто е црквата „Св. Тодор“ ако преспие ќе оздрави. Нејзините блиски ја однеле во запрежна кола на тоа место за да преспие, а утрото пешки се вратила во Пехчево. Тоа било повод на тоа место да се изгради црква.

И третата легенда зборува дека за време, кога Турците почнале да се повлекуваат од овие краеви, една група на Турци се навратила да прави зулуми и грабежи во Берово. Арно ама, на тоа место кај црквата „Св. Тодор“, некој светец, кој подоцна го препознале во Свети Тодор, ги пресретнал Турците и кај нив отишол со голем крст. Еден од Турците се исплашил и паднал во несвест, а од тоа се исплашиле и останатите Турци и се вратиле, откажувајќи се од злата намера. Како благодарност на тој настан, беровчани ја изградиле црквата.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.

41°42′46″N 22°51′17″E / 41.71278° СГШ; 22.85472° ИГД / 41.71278; 22.85472