Црква „Св. Теофан“ - Негуш

Координати: 40°37′53.6″N 22°3′55.9″E / 40.631556° СГШ; 22.065528° ИГД / 40.631556; 22.065528
Од Википедија — слободната енциклопедија
Свети Теофан
Οσίου Θεοφάνη
Карта
40°37′53.6″N 22°3′55.9″E / 40.631556° СГШ; 22.065528° ИГД / 40.631556; 22.065528
МестоНегуш
ЗемјаЕгејска Македонија, Грција
ВероисповедЦариградска патријаршија
Архитектура
Изградба1965 – 1966
Управа
Архијерејско намесништвоНегушко
ЕпархијаБерско-негушко-камбаниска

Свети Теофан (грчки: Ιερός Ναός Οσίου Θεοφάνη) — црква во градот Негуш, Егејска Македонија. Влегува во состав на Берско-негушко-камбаниската епархија на Цариградската патријаршија.[1]

Црквата се наоѓа во маалото Алонија, во дворот на III училиште (Галакиево училиште).[2]

Првобитната градба е подигната во османлиско време и во подрумот, кој е зачуван до денес, имало скривница и тајно улилиште. Обновена е со пари подарени од Григориос (Галакис) Лонгос и целото негово семејство.[2] Црквата е посветена на Теофан Нови Светогорски, покровител на Негуш. Изградена е за три месеца од 1965 до 1966 г. Трошокот на изградба изнесувал 35.000 драхми, собрани од верниците и од лотарии.[1]

Градбата претставува обична засводена базилика со површина од околу 50 м2.[1]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 1,2 Κύρου, Νίκος, Ολυμπία Τσίτση (Επιμέλεια) (2005). Οι εκκλησίες της Νάουσας. Πρόγραμμα Περιβαλλοντικής Εκπαίδευσης Σχ. έτους 1999 – 2000 (PDF). Νάουσα: 3ο Γυμνάσιο Νάουσας. стр. 35. Архивирано од изворникот (PDF) на 2018-05-15.
  2. 2,0 2,1 Σπάρτση, Νίκου (2008). „ΟΙΚΟΓΕΝΕΙΑ ΛΟΓΓΟΥ Παρουσία και δράση στα κοινά της Νάουσας (τέλος 19ου-αρχές 20ου αι)“ (PDF). Νιάουστα. 124: 17. Архивирано од изворникот (PDF) на 2018-05-15. Занемарен непознатиот параметар |month= (help)