Црква „Св. Петка“ - Теово
Изглед
| Света Петка | |
|---|---|
| Αγίας Παρασκευής | |
![]() | |
| 40°50′26.4″N 21°57′1.0″E / 40.840667°N 21.950278°E | |
| Место | Теово, Воденско |
| Земја | Егејска Македонија, Грција |
| Вероисповед | Цариградска патријаршија |
| Архитектура | |
| Архит. тип | еднокорабна |
| Стил | преродбенички |
| Изградба | пред 1817 г. |
| Управа | |
| Архијерејско намесништво | Воденско |
| Епархија | Воденско-постолско-мегленска |
Света Петка (грчки: Ναός Αγίας Παρασκευής или Σφέτα Πέτκα) — преродбеничка црква кај селото Теово, Воденско, Егејска Македонија. Влегува во состав на Воденско-постолско-мегленската епархија на Цариградската патријаршија.[1]
Црквата се наоѓа на 2 км југозападно од селото. Изградена е пред 1817 г.[1]
Храмот претставува еднокорабен храм, изграден од камен со дебелина од 60 см. Покривот е со ќерамиди на четири води. Внатре има стари икони како „Света Петка“ (1817), „Свети Ефтимиј и Харалампиј“, „Пресвета Богородица“, „Исус Христос“, „Свети Јован Претеча“ — сите дело на месни зографи. Во 1970-тите до него е изградена поголема црква.[1]
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- 1 2 3 „Καρυδιά Έδεσσας ... στις πλαγιές του Καϊμάκτσαλάν“. Edessa city of waters. Посетено на 2 јуни 2021.
